Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


На никој не му е грижа колку напорно работите

Кога ќе потонете во удобноста на каучот после напорен ден работа и ќе размислите што сè сработивте денес, најверојатно ќе сакате да си честитате самите на себе.

na-nikoj-ne-mu-e-griza-kolku-naporno-rabotite-01.jpg

Ги сработивте сите работи на списокот, вложивте многу труд, и дури и мал дел од себеси, и ја завршивте потребната работа во зададениот рок. Сигурно се чувствувате како да заслужувате честитки поради тоа.

За жал, реалноста не е таква. Хронично го мешаме чувството дека нешто е сработено, со реалноста на постигнатите резултати и за некој кој работи во креативно поле, тоа во превод значи константен ризик за изгубено време и енергија правејќи нешто неважно, наместо работата што всушност се вреднува.

Психолозите одамна имаат забележано нешто што се нарекува „илузија на работење“. Кога треба да се оцени работа која некој друг ја сработил, најчесто луѓето ќе кажат дека им е важно само дали работата била сработена брзо и правилно. Но, во реалноста, луѓето сакаат да се чувствуваат како некој да се изморил и истрошил за нив.

Психологот Ден Ариели, раскажува приказна за бравар кој откако станал подобар во својата работа почнал да добива сè помалку бакшиш за сработената работа, а сè повеќе поплаки. За секоја нова работа му било потребно сè помалку време и труд да ја заврши. Неговите потрошувачи чувствувале како на некој начин да „мами“ иако во основа неговата брзина треба да се смета за доблест.

Во едно истражување направено од страна на Рајан Бел и Мајл Нортон открива дека луѓето кои употребувале интернет страна за пребарување на летови, преферирале пребарувањето да трае подолго за да имаат можност да следат како страната „работи“ напорно за да го пронајде најдобриот лет.

Овој резултат би бил интригирачки, ако не беше фактот дека истиот извртен став го применуваме и на себеси.

Далеку поедноставно е да чувствуваме дека 10-часовниот работен ден поминат во проверување на мејлови или разговори отколку е поисплатлив отколку, 2 часа напорно работење и концентрација. Но, било кој писател или дизајнер ќе ви каже дека тие два часа повеќе се исплатат – како во однос на заработувачката, така и во однос на чувството на исполнетост.

На крајот од денот веројатноста е дека повеќе изморени ќе се чувствувате во 10-часовното работење, отколку 2-часовното напорно работење.

Напорната, но краткотрајна работа не значи дека на крајот од денот ќе бидете изморени и ќе се чувствувате поспано, па ако судите за тоа колку ви бил продуктивен денот според тоа колку сте изморени, сигурно се лажете.

Најдобар совет е најважните и најтешките задачи да ги завршите во најбрз можен рок, бидејќи на тој начин, колку и да изгледа парадоксално, нема да ја потрошите целата ваша енергија. И ако имате можност, секогаш правете барем мали кратки паузи.

И запомнете, преморувањето и максималното трошење на секоја минута од вашиот работен ден не е индикатор за добро поминат ден, ниту успешен ден.

Патот до успехот, можеби има помалку напорни чекори отколку што мислите.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како Илон Маск открива кога некој лажел во CV – Кое прашање ги издава неискрените? Не дипломата и образованието, туку одговорот на едно прашање е клучен за тоа Ило...
10 најдобри совети на поле кариера (кои секој работник треба да ги примени) Појавувајте се рано – на работното место, на состанок, буквално секаде, така ќе ...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
5 типа на луѓе што најчесто може да бидат жртви на булинг на работното место (и зошто?) Луѓето што се жртви на булинг на работното место најчесто се врвни професионалци...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg