Пријателство на работа: 7 совети за подобра врска со вашите колеги

Да претпоставиме дека работите по 8 часа дневно, 5 дена во неделата и дека земате одмор од барем 3 недели. Што значи, ако пресметаме математички, тогаш откриваме дека 1.960 часа ги поминувате со колегите во текот на една година. Не е малку нели?

prijatelstvo-na-rabota-7-soveti-za-podobra-vrska-so-vasite-kolegi-01

Тоа значи дека треба да имате добар однос со нив. Јасно ни е дека не можете да бидете најдобри пријатели со секој од нив, но треба да се трудите да имате што е подобар однос. Ако не знаете како да го постигнете тоа, тука сме да помогнеме.

Еве како да имате подобри врски со вашите колеги:

1. Работете напорно

Ако сакате да имате подобар однос со вашите колеги, тогаш треба да почнете од тоа да бидете сигурни дека вашиот работен перформанс е одличен.

Навреме или предвреме завршувајте го вашиот дел од некој голем проект, брзо одговарајте на пораки од останатите членови на тимот... Трудете се да си ја работите вашата работа најдобро што можете.

Можеби ви изгледа неважно, но луѓето едвај чекаат да се дружат со личноста која постојано ги намалува своите работни обврски и им помага на останатите.


2. Бидете од помош

Додека зборуваме за помош, не е тешко да им помогнете на вашите колеги. Барем не треба да ви биде. Ако помагате и сте љубезни, тогаш автоматски имате поголеми шанси да им се допаднете.

Помогнете му на колегата кој има премногу обврски. Не само што ќе направите по некое добро дело туку и тоа е одличен начин како да започнете ново пријателство со колегите.


3. Избегнувајте озборувања

Премногу е лесно да западнете во рутина на озборување. Всушност, на прв поглед ова изгледа како добар начин да се поврзете со колегите, но верувајте дека ова не е начинот што го барате. Запомнете дека ако започнете да озборувате, тогаш еден ден тоа и вам ќе ви се врати.

Затоа, трудете се да ги избегнувате ваквите разговори.


4. Учествувајте во излегувања

Секогаш кога ќе ве повикаат да излезете заедно, не се двоумете и веднаш прифатете. Излегувањата со колегите се одличен начин како да ги запознаете надвор од 4-те ѕида од канцеларијата, добивате одлична можност да се поврзете со нив, а и може да испадне многу забавно.


5. Организирајте некоја активност

Ако колегите досега не ве викнале, тогаш бидете смели и вие викнете ги. Организирајте некоја интересна активност како излегување во бар, дискотека, ресторан или некоја друга релаксирана активност која ќе ве извади од канцеларијата за вие и вашите колеги да се забавувате.

Преземете иницијатива и организирајте нешто после работните часови. Ништо не ги спојува луѓето како што ги спојува алкохолот и добрата храна.


6. Најдете заеднички интереси

Размислете за вашите последни разговори со колегите. За што беа тие? Ако првото нешто што ви паѓа напамет се состаноци, телефонски пораки и фактот дека принтерот нема повеќе хартија, тогаш голем дел од вашите интеракции се поврзани со работата.

Иако не би сакале да го трошите работното време зборувајќи за неважни теми, сепак убаво е да најдете и да откриете различни интереси и страсти кои ги споделувате со вашите колеги.


7. Правете мали љубезни гестови

За да станете пријатели со вашите колеги нема потреба да правите големи, комплицирани гестови. Наместо тоа, одвојте време да направите нешто што ќе стави насмевка на нивните лица. Тоа е сѐ што ви е потребно.

Одлична идеја е да земете уште едно кафе за колегата кој седи до вас, оставете им убава картичка за роденден или донесете нешто слатко со вас. Сите овие се мали, едноставни гестови кои имаат големо влијание. Плус, сите ја обожаваат личноста која чести кафе и крофни во понеделник наутро.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...
Српска компанија им даде неограничен број слободни денови на вработените - Добра идеја или промашува... „Веруваме дека добрите вработени создаваат задоволни клиенти, целта ни е да ги з...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Шеф од Хрватска ангажирал приватен детектив да ја следи вработената дали навистина е на боледување Вработена во Хрватска побарала денови од одмор, шефот не ѝ одобрил. Земала болед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg