Непишани правила за интервју

nepisani-pravila-za-intervju-povekjeКоја ви е најголема слабост? Најголем недостаток? Најголем неуспех? Најголемо достигнување? Ова се прашањата кои речиси се неизбежни...

 

...на интервју за работа. Тешки или не, ќе мора да се снајдете и да го дадете вистинскиот одговор. Најважно – кога одговарате секогаш бидете позитивни!

Неколку непишани правила:

nepisani-pravila-za-intervju

1. Кога ќе дојде ред да ги кажете вашите недостатоци најдобар начин е да се покажете како позитивна личност која ретко размислува за себе на таков начин. Најдобро е ако успеете мааните да ги прикажете на позитивен начин.

На пример: тврдоглав/а сум но во многу случаи мојата тврдоглавост вродила со резултати. Или – понекогаш знам да претерам со работa.

2. Без суперлативи! Ако кажете НАЈГОЛЕМА слабост тогаш сигурно ќе се запрашаат кои се останатите. Или - најмногу треба да се поправам (дава впечаток дека треба да се корегирате во повеќе работи).

3. Бидете реални! Вашите недостатоци се сосема човечка особина и не треба да ве загрижуваат.  Недостиг на трпение, избувливост, максимално посветување на работата – сето тоа се особини кои ги красат сите млади денес. Не се залажувајте дека ќе најдат совршена личност за позицијата. Верувајте во себе и своите можности!

4. Побарајте мислење од пријателите. Како би ве опишале другите? Ова прашање е меѓу топ 10 најпоставувани прашања на интервју. За да бидете искрени пред да одите на интервју прашајте ги пријателите, колегите, соработниците. Така ќе добиете и пореална слика за себе.

5. Бидете искрени и никогаш нема да погрешите!

Би можело да ве интересира:

10 бон-тон грешки заради кои не напредувате во кариерата, низ илустрации Не ги критикувајте и не ги озборувајте колегите, внимавајте како комуницирате......
6-те тајни на успехот (кои секоја амбициозна личност ги знае) Кои се тајните на успешните луѓе? Правило број 1: Успешните луѓе не веруваат во ...
Знаци дека сте „прегорени“ од работа и како да се справите со овој проблем Поставете граници и немојте да ги прескокнувате паузите за ручек – што да правит...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg