10 важни совети од најбогатиот човек во Кина

Запознајте го Џек Ма – основачот на кинеската трговска платформа „Alibaba“, која денес регистрира продажби поголеми од „Amazon“ и „eBay“ заедно.

10-vazni-soveti-od-najbogatiot-covek-vo-kina-01

Тој израснал во семејство на музичари, кои биле прогонувани во времето на „кинеската револуција”, бидејќи припаѓале на интелектуалната група луѓе. И покрај разбрануваното детство сепак, Џек успева да создаде бизнис кој денес вреди стотици милиони долари.

Ова се најдобрите совети кои тој ги дава:

1. Која е разликата помеѓу лидерот на компанијата и вработените

- Лидерот на една компанија треба да има јасна визија за развојот на бизнисот барем неколку години понатаму.

- Лидерот треба да поседува цврст карактер и упорност за да може да се справи со сето она што не е во согласност и силата на обичните вработени.


2. Никогаш не учествувајте во политиката

- Политичката вклученост и големото богатство ретко одат рака под рака. Ако започнете политичка кариера, заборавете на бизнисот. Ако сте политичар, никогаш нема да бидете добри во правење пари. Кога еден човек поседува и пари и политичка моќ тоа е како да сте комбинирале кибрит со динамит.


3. Четири прашања кои треба да им ги поставиме на младите денес

- Што претставува вистински неуспех? Тоа е тогаш кога ќе престанеш да се движиш напред.

- Што претставува генијалност? Ќе го дознаете нејзиното значење, кога стоите лице во лице со одлуките, кога ќе бидете подложени на непријатни ситуации и се борите со разочарувањата.

- Што се очекува да правите? Мора да бидете повредни, потрудољубиви и поамбициозни од другите.

- Само будалите зборуваат со устата. Интелигентните луѓе го користат мозокот, а мудрите срцето.


4. Тука сме за да водиме исполнет живот

- Секогаш сум велел дека не сме родени, за да го поминеме целиот свој живот во работа. Напротив тука сме за да уживаме во животот и да го направиме подобар и животот на останатите. Ако работата ви е единствената страст, еден ден ќе жалите.


5. За конкурентите и конкуренцијата

- Ако се однесувате со сите како со ваши непријатели, порано или подоцна тие ќе станат токму тоа.

- Кога се натпреварувате со другите, обидете се да не ги мразите. Омразата може да ве уништи.

- Натпреварувањето е како игра шах. Ако изгубите, секогаш можете да се обидете повторно.


6. За луѓето кои се постојано незадоволни

- Нема лошо во тоа да сте незадоволни или да се жалите од време на време.

- Ако депресијата е сепак ваша честа појава и сте навикнати на тоа да се жалите, работите почнуваат да личат на алкохолизам – колку повеќе пиете, толку потешко е да престанете.

- На светот не му е гајле што имате да кажете. Тој е заинтересиран за вашите дела.


7. Совети за претприемачи

- Одличните можности обично се невидливи за повеќето луѓе. Ако на една средба 90% од луѓето гласаат за една идеја, тогаш јас никогаш не ја развивам. Причината за тоа е едноставна – ако сите гледаат јасно придобивка од неа, тогаш тоа значи дека и други компании веќе ја препознале како профитабилна и нема да постигнеме ништо ново.

Обидете се да направите, така што вашите вработени ќе им биде пријатно да работат со вас.

- Во 2001-та година допуштив грешка. Им реков на вработените кои беа со мене од првиот ден дека никогаш нема да добијат повисоки позиции од оние на менаџери. Мислев дека ќе ми требаат професионалци однадвор, кои ќе бидат врвни менаџери и потпретседатели. Минаа години и денес никој од овие вработени веќе не работи во мојата компанија. Истовремено – луѓето, во чии способности се сомневав станаа одлични врвни менаџери и потпретседатели.


8. За претприемништвото

- Понекогаш ќе ви биде тешко да објасните добра бизнис можност. Запомнете – ако една бизнис можност може да биде објаснета лесно, значи не е добра.

- Вашиот идеален партнер е човек кој поседува вештини кои вие ги немате. Тоа колку е успешен тој или таа нема значење.

- Барајте ги вистинските луѓе, а не најдобрите.


9. Што не треба да правите

- Ќе пропаднете сигурно, ако не знаете сè за својата конкуренција, ако ја потцените или ако мислите дека не претставува закана за вас.

- Ако вашиот конкурент е послаб од вас, однесувајте се со него како со еднаков. Ако е посилен, не плашете се од него.


10. За сопствениот бизнис

- Започнувањето на сопствен бизнис значи откажување од стабилни приходи, боледувања и годишни одмори.

- Од друга страна, приходите можат да бидат неограничени, ќе располагате поефикасно со своето време и нема да имате потреба да чекате дозвола од другите.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
6-те тајни на успехот (кои секоја амбициозна личност ги знае) Кои се тајните на успешните луѓе? Правило број 1: Успешните луѓе не веруваат во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg