Ширете добра карма на работа

sirete-dobra-karma-na-rabota-povekjeСпоред будистичката традиција, кармата претставува севкупен ефект на постапки на една личност во текот на неговиот живот. Подразбира...

 

...дека постапките кои ќе ги направите во текот на овој живот, ќе влијаат на настаните и односите во наредниот.

Без разлика дали верувате во реинкарнација, практикувањето на добра карма на работа може само да ви помогне и да ви донесе убави последици во овој живот.

Како да го постигнете тоа?  Главната стратегија е свесно да управувате со односите на работа со што ќе го олесните функционирањето (ваше и на колегите).

Во својата книга “7 Habits of Highly Effective People“, др. Stephen Covey го воведува концептот на емоционална сметка во банка.

Кога имате висока резерва на сметката во банка сите сме со добра волја, комуникацијата е лесна и ефикасна. Ако континуирано искажуваме непочитување кон други личности, довербата се намалува, и најмала провокација води кон можни инциденти.

sirete-dobra-karma-na-rabota

Односите на работа може да ги одржите продуктивни, а вашата работна карма може да биде позитивна така што ќе ставите “рутински депозити на вашата емоционална сметка“. На пример:

1. Пофалете ги колегите за добро завршената работа и покажете благодарност кога ќе ве пофалат вам.
2. Искрено интересирајте се за интересите на колегите кои им значат.
3. Водете сметка за малите работи, како што е одговарање на пораки и честитка за роденден.
4. Исполнете се што сте ветиле.
5. Запомнете ги имињата на важните луѓе и важните настани во животите на колегите.
6. Признајте и поправете ги грешките кои сте ги направиле без да ја префрлите вината.

Би можело да ве интересира:

Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...
Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg