5 начини кои ќе ви помогнат да се ослободите од вината на доборволниот отказ

Давањето доброволен отказ не е лесно, но некогаш е есенцијално за нашата благосостојба. 

5-nacini-koi-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-vinata-na-dobrovolniot-otkaz-01

Во професионалниот свет, доброволниот отказ е потребен поради потрагата по нешто подобро, а кога ќе го пронајдете она што е подобро и поубаво, тогаш повторно не е лесно да се откажете поради мислите од типот: „Што ќе прави тимот без мене?“, „Овде научив толку многу, му должам на шефот да останам.“, „ Дали е ова себично?“

Време е да се ослободите од вината и еве како да го направите тоа:

1. Помирете со причината поради која се откажувате

Направете список со причини зошто давате отказ и тогаш имате цврст доказ дека тоа не го правите поради инает или за да му наштетите на шефот или на тимот.

Можеби ви треба поголема компензација, поинакви бенефиции кои му соодветствуваат на вашиот животен стил или нова цел.

Препознајте ја причината поради која ја напуштате моменталната работа затоа што тоа е најдобро за вас, а тоа е најважно.


2. Бидете подготвени за нешто ново

Давањето отказ без да знаете што следува има потенцијал да ве восхити, но и збуни, а може и да донесе бран на вина кој се појавува во период на намалена продуктивност.

Ако имате таков избор, најдете ја следната можност пред да дадете отказ, или барем имајте јасна визија за идните професионални потези кои сакате да ги преземете.

Проширување на фокусот при давање доброволен отказ ќе ви помогне добро да се приземјите и да ја согледате реалноста.


3. Развијте транзиционен план

Ако чувствувате вина дека го напуштате тимот и пред него е несигурна иднина, тогаш направете транзиционен план.

Планот треба да ги претставува вашите обврски и да објаснете кој ќе ги преземе. Постојат многу различни начини да го направите тоа.


4. Охрабрете го тимот

Заминувањата можат да бидат тешки не само професионално, туку и емоционално. Ако имате добар однос со колегите, одвојте време да одите на ручек или на кафе и да им ја објаснете вашата одлука.

Исто така, ова е одлична можност да ги споделите новите можности за нив, кои ги носи вашето заминување. На пример, вашето отсуство ќе создаде можност за докажување и преземање на поголема одговорност.


5. Заминете во добри односи

Напуштањето на една можност за да се посветите кон друга не значи дека треба комплетно да заборавите и да ја уништите претходната прилика.

Всушност, тоа е одлично време за да ги зацврстите веќе постоечките врски. Еден од начините за да се ослободите од вината е да останете во добри односи.

Пред да заминете, изразете ја вашата благодарност кон вашиот шеф и колеги за сето она што сте го научиле од нив. Посакајте им добро на сите.

Кажете дека ќе се трудите да останете во контакт и ветете дека биде така. Вака ќе ја проширите вашата мрежа на луѓе.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Знаци дека сте „прегорени“ од работа и како да се справите со овој проблем Поставете граници и немојте да ги прескокнувате паузите за ручек – што да правит...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg