Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 знаци дека си го жртвувате здравјето заради работата

Понекогаш, во текот на работната недела собираме толку многу стресни часови, што кога ќе дојде петок едноставно сè што сакаме да правиме е да го поминеме викендот во нашите пижами, да јадеме што ни падне под раце и да гледаме во телевизорот како во блага кома.

10-znaci-deka-si-go-zrtvuvate-zdravjeto-zaradi-rabotata-01.jpg

А, понекогаш стресот е толку силен и хроничен, што и кога ќе дојде одморот не можете да се релаксирате.

10 знаци дека го жртвувате здравјето заради работата:

1. Здравствени проблеми

Кои може да варираат од физички до психички - како дебелина, или јадете премногу или премалку, а зглобовите ви се толку крути што не можете да вежбате.

2. Когнитивни проблеми

Забележувате дека лошо памтите. Некој нешто ви кажал, а истата секунда заборавате што сте слушнале, или често ви се случува да се упатите некаде и да заборавите што сте сакале да направите.

3. Лош однос со луѓето околу вас

Заборавате на пријателите, на семејството... Едноставно, имате толку малку слободно време што навистина немате кога да се видите со саканите, па наместо тоа настојувате после работа да си легнете и утре пак истата приказна.

4. Константен замор

Наутро тешко се будите, премногу се потпирате на кафето, тешко се концентрирате. Се чувствувате како да сте остареле барем 10 години во само една.

5. Во вас доминираат само негативни емоции

Постојано се нервирате и постојано имате потреба да се расправате со луѓето околу вас.

6. Дома си ја носите работата

Бидејќи работните часови не ви се доволни за да ги завршите сите обврски.

7. Тешко ви е да почувствувате задоволство

Веќе многу тешко може да бидете среќни со работите кои некогаш ве исполнувале и радувале.

8. Лесно се нервирате

Сега лесно можете да се изнервирате на било што, вашата толеранција е многу ниска.

9. Стручноста ви е на ниско ниво

Вашата професионалност и стручност не ви се баш на највисоко ниво. И понатаму се трудите и се обидувате, но резултатите едноставно не се исти.

10. Слаба самоконтрола

Можете да се „уловите“ како се предавате, бидејќи веќе сте преморени и немате желба за ништо.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Знаци дека е време да си дадете отказ (и да најдете нова работа) Едвај станувате наутро и воопшто не можете да се замислите на истата позиција во...
Најдобрите менаџери водат со пример (работат рамо до рамо со вработените) Голем дел од незадоволството на работното место треба да им се припише на менаџе...
6 тајни за вашата работа, кои шефот не сака да ги знаете (а треба) Надредените знаат многу за вашата онлајн активност на компјутерот на работа, има...
5 типа на луѓе што најчесто може да бидат жртви на булинг на работното место (и зошто?) Луѓето што се жртви на булинг на работното место најчесто се врвни професионалци...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg