Соочете се со критиките

soocete-se-so-kritikite-povekjeКога луѓето ве критикуваат, што да направите? Соочете се со нив! Ако кукавички ја подвиткате опашката и гледате во земја – не е никакво решение.

 

Еве неколку совети како да се соочите со критиките:

soocete-se-so-kritikite

1. Докажете се – критичарите нека видат каков лидер сте всушност вие. Ако се криете, само ќе им покажете дека се во право.

Тоа им дава слобода постојано да ве нарекуваат како сакаат. Не смеете да им покажете дека ви е страв.

2. Бидете отворени – можете да ги снимате состаноците и да им покажете дека сте транспарентни, и да ги совладате оние кои не се согласуваат со вас.

3. Бидете кул – Кога ве критикуваат во лице, дишете длабоко. Колку го повишува тонот вие толку посмирено одговарајте. Намерно зборувајте смирено.

4. Признајте ги своите недостатоци – Немојте да се браните, едноставно кажете дека сте изреагирале најдобро во таа ситуација. Делувајте искрено дури и кога ги признавате грешките.

5. Често смејте се – Олеснете ја ситуацијата со насмевка. Покажете дека имате контрола. Насмевнете се кога е соодветно, но немојте да се потсмевате.

Кога ситуацијата е напната, најдобро е да покажете дека ја имате ситуацијата под контрола. И најважно – да знаете да бидете вистински лидер.

Би можело да ве интересира:

„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...
Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg