Како до креативни идеи?

kako-do-kreativni-idei-povekjeСо креативноста започнува секоја работа, но тоа е најчесто и најтешкиот дел. Добра идеја е онаа која ве издвојува од останатите и ве движи напред...

 

...она по кое се разликувате и сте посебни.

Најдобра идеја за развивање на креативноста е да се замине подалеку од се она кое ни е познато, да се изложиме на потполно друга средина.

kako-do-kreativni-idei

Како може да ја поттикнете креативноста?

1. Читајте многу. Ова е најдобар начин за да го нахраните својот мозок. Не мора да бидат книги. Економските списанија секогаш се одлични за да ги следите новите идеи (The Economist, New Scientist)

2. Искористете го креативното расположение – дозволете идеите да се појавуваат во неограничена количина.

3. Запишувајте ги идеите – се што ќе се сетите без разлика дали е во моментот применливо, зачувајте го. Не се знае кога може да ви притреба во животот.

4. Прескокнете го генерацискиот јаз – децата секогаш се креативни. Тие можат на едноставен начин да ви дадат совет и идеја која ретко кој повозрасен би можел да ја смисли.

5. Проширете ги минатите идеи – надоградете го она што го имате. Идеите од минатото нека бидат ваш темел, работете на нив за да ги подобрите.

Би можело да ве интересира:

„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...
Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg