Видови на интервју за работа
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Перач 01-03-2021


Видови на интервју за работа

vidovi-na-intervju-za-rabota-povekjeПостои цела низа на различни видови интервјуа за работа кои ги користат работодавците за да ги “филтрираат“ кандидатите. Тука се вклучени бихевиористичките...

 

...интервјуа, телефонско интервју, видео интервју...

Бидете подготвени за секаков вид на интервју за работата која навистина сакате да ја добиете.

1. Интервју еден на еден.

vidovi-na-intervju-za-rabota

Ова е типично интервју помеѓу кандидатот и работодавецот. Ќе ви постави прашања за искуството и вештините, за вашето работно минато и прашања со кои ќе оцени дали вие сте личноста која му е потребна.

2. Бихевиористичко интервју.

Ова интервју е базирано на тоа како се однесуваме во одредени ситуации врзани со работата.

Се се врти околу тоа како сте се однесувале во минатото, како реагирате на пример кога работите под притисок, кога треба да работите и прекувремено (можно е да треба да симулирате ситуација).

3. Интервју во кафуле.

И тоа постои! Во овој случај работодавецот го води потенцијалниот кандидат на ручек или на кафе за да ги оцени неговите комуникациски и интерперсонални вештини, но и однесувањето на маса и во малку поопуштена атмосфера.

4. Групно интервју.

Ова интервју се прави во група од неколку луѓе. Најчесто се прави во вид на групна дискусија на одредена тема во која се разгледува вашето мислење и реакции кога би работеле во тим.

5. Телефонско интервју.

Ова интервју се користи при голем број пријави за да се намали бројот на кандидати кои ќе дојдат на интервју лице во лице. Во последно време првичната селекција се прави преку CV-то за да се елиминира телефонското интервју.

6. Видео интервју.

Ако аплицирате за работно место или пракса во странство најчесто интервјуто се одвива на овој начин.

Би можело да ве интересира:

Зошто вреди да аплицирате за работа за која не сте квалификувани? Ако моменталната професија ве презаситила, а се пронајдовте во описот на некој о...
Светот е згрозен: Кинеска компанија ги натера работниците да лазат на улица под казна Кинеските компании се познати по бруталноста – во 2016 работници јадеа живи црви...
Исповеди на 5 луѓе: „Кое беше моето најтешко работно искуство и зошто дадов отказ?“ Позитивната работна атмосфера на работното место е неопходна за да се постигнат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg