Што правите ноќта пред испит?

sto-pravite-nokta-pred-ispit-povekjeСтудентите најчесто ноќта пред испит ја поминуваат учејќи, колку можат повеќе да надокнадат за она што не стигнале на време да го научат. И секогаш...

 

...истата приказна – недостасува барем уште еден ден за да се помине целиот материјал за испитот.

sto-pravite-nokta-pred-ispit

Не е реткост сонот да го замените со одредена доза кафе и учење до раните утрински часови.

Но, истражувања покажуваат дека сонот е неопходен за подобро совладување на материјата.

Американската студија покажала дека нашиот организам најдобро го процесира знаењето додека спиеме. Имено, нашиот мозок за време на сонот ги обработува новите информации и прави простор за следни.

Дури само еден час сон ја подобрува нашата меморија. Најмногу ќе извлечете од учењето ако по 4 часа направите пауза кога барем малку ќе дремнете.

Експертите востановиле дека мозокот се регенерира за време на т.н. втора фаза на сонот. Таа започнува кога тонеме во длабок сон и продолжува и во текот на REM фазата.

Токму во тој период новото знаење не само што се запомнува туку и мозокот прави врска помеѓу старите и новите информации.

Значи: Задолжителна дремка за време на учењето пред испит!

Би можело да ве интересира:

Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...
„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg