Една психолошка карактеристика одредува дали ќе бидете успешни

Вашиот потенцијал на крај најчесто се сведува на способноста да останете смирени во било која ситуација.

samo-edna-psiholoska-karakteristika-moze-da-vi-otkrie-dali-ke-bidete-uspesni-vo-vasata-kariera-001.jpg

Ако често се плашите дека ќе ви се случи најлошото, си го менувате расположението по повеќе пати на ден, лесно се деконцентрирате, не сте доволно самоуверени, се чувствувате загрозени од другите и се чувствувате како да сте цело време под неподнослив стрес, тогаш најверојатно страдате од невротицизам или емотивна лабилност.

Тоа значи дека имате тенденција да донесувате лоши одлуки кога сте под стрес, закани и фрустрација.

Невротичните личности многу често се изложени на параноја, а невротичноста е исто така поврзана и со анксиозни растројства, зависност од супстанци, нарушување на исхраната и комплетно влијае врз способноста за ефикасност во работата.

Емоционалната стабилност од друга страна, ја зголемува креативноста, меморијата и физичките перформанси кај луѓето. Благосостојбата е директно поврзана со високата ефикасност на работното поле.

Сите знаеме да бидеме по малку невротични одвреме-навреме, затоа во таков случај најдобро е да пробаме да заборавиме на беспомошната паника и да го искористиме адреналинот од стравот во моментот, пренасочувајќи го кон наоѓање решение за ситуацијата.

Исто така, потрудете се никогаш да не избрзувате со мислења и страшни предвремени сценарија. Многу често работите изгледаат многу пострашни отколку што навистина се.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg