Кои се трите основни карактеристики на успешните менаџери?

Да се биде добар менаџер претставува нешто многу повеќе од тоа да седите на работа подолго од своето работни време, да бидете креативни и исполнителни.

koi-se-trite-osnovni-karakteristiki-na-uspeshnite-menadzeri-2.jpeg

Успешните шефови не треба да се само извонредни на хартија. Добрите шефови, пред сѐ треба да се одлични мотиватори, отворени соговорници, но и ценети лидери.

Во продолжение прочитајте кои се трите основни особини кои го карактеризираат успешниот менаџер:

Простуваат и забораваат

Многу е лесно кога некој од вработените ќе направи грешка, останатите да го перципираат низ призмата на таа грешка.

Но, вредно е да се напомене дека една грешка односно една слабост е само мал дел од личноста на човекот и дефинитивно не е нешто што го дефинира.

Извонредниот шеф е способен да ја заборави грешката и да го вреднува својот вработен согласно неговите можности и способности.

Ги претвораат достигнувањата на фирмата во лични достигнувања на вработените

Извонредните менаџери знаат како да направат нивните вработени да се почувствуваат корисни. Според експертот Џеф Хаден, добрите менаџери умеат да направат нивните вработени да почувствуваат дека она што го работат е од нивна корист исто онолку колку што и е во корист на фирмата.

„На крајот на краиштата за кого би работеле со повеќе елан, за себе или за фирмата?“- додава Џеф.

Ги анализираат скриените емоции и мотивации

Како за голем дел од работите во животот така и однесувањето надвор од канцеларија е еден вид на маска која прикрива нешто друго.

Добрите менаџери секогаш ги земаат предвид приватните случувања кои влијаат врз професионалното однесување на вработените.

На тој начин тие им овозможуваат на вработените порелаксирана работна атмосфера, во којашто вработените можат да вработат релаксирано и без притисоци.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...
„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg