Нова формула за поголема продуктивност на работа: Применете го методот 52:17

Сакате да работите поквалитетно и да напредувате на работното место? Најновата формула за успех се крие во паузите.

kako-do-pogolema-produktivnost-na-rabota-pravete-povekje-pauzi-01.png

Колку време всушност работите, а колку време ви одземаат паузите за цигара, прегледувањето Фејсбук, одењето по кафе? Сепак, паузите не се толку лоши ако знаете правилно да ги искористите.

Најновите истражувања покажуваат дека најпродуктивните работници прават паузи, но не премногу често. Тие работат со полна снага 52 минути, па одмараат 17 минути и потоа извршуваат нови задачи од 52 минути и сé така во круг.

Според овие истражувања, многу поквалитетно ќе работите ако паузирате почесто, но пократко, отколку ако правите една пауза за ручек од еден час. Овој метод наречен 52:17 го применувале работници кои покажале најдобри резултати на истражувањата за успешност на работното место.

Оваа техника е слична на техниката „помодоро“ која се користи ако сакате за кратко време да завршите поголема задача.

Наместете го тајмерот на 25 минути и работете сконцентрирано. Штом заѕвони, паузирајте 5 минути, па почнете одново. Повторете го циклусот 4 пати, па одмарајте 15 минути.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg