Вработените во Гугл откриваат 3 совети за поголема продуктивност

Освен што е меѓу најдобрите компании во светот, „Гугл“ е позната по прогресивните и оригинални гледишта на работите.

3-soveti-za-pogolema-produktivnost-od-vrabotenite-vo-gugl-01.jpg

Работат различно од која било друга компанија, имаат уникатен пристап кон работата, па дури и прашањата на интервјуата за работа им се креативни.

Вработените во „Гугл“ открија три совети за поголема продуктивност кои сите можат да ги применат:

Медитирајте

Кога вработените се чувствуваат дека мозокот им е „заглавен“ и немаат веќе енергија, тие медитираат. Една минута во денот исклучете ги мислите и опуштете се. Тоа е доволно за да се врати продуктивноста и да се завршат работите навреме.

Користете го времето паметно

Со толку многу работни задачи, вработените во „Гугл“ често работат и прекувремено. Но, тие знаат како да го организираат времето на правилен начин, така што работните задачи ги делат по денови.

На пример: Во понеделник, кога имате најмалку енергија, завршете ги полесните обврски, во вторник и среда енергијата веќе се зголемува и тогаш може да се посветите на покомплицираните задачи.

Соработувајте со колегите

Соработката и комуникацијата со колегите е еден од приоритетите на вработените во „Гугл.“ Тие имаат политика на „отворена врата“, што значи дека секој може да влезе во нечија канцеларија кога сака и да се консултира со колегите за одредена работа.

Исто така, тие се дружат меѓусебе и надвор од работното време, со што го зацврстуваат пријателството.  

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg