10 совети како работењето од дома да го направите екстра продуктивно

Доколку не го организирате добро, работењето од дома може да се претвори во едно измачувачко искуство.

10 soveti kako rabotenjeto od doma da go napravite ekstra produktivno 01

Работите од дома? Дали некогаш сте имале еден од оние денови кога се будите ветувајќи си дека ќе имате успешен и продуктивен ден, но наместо тоа завршувате пред телевизорот гледајќи телевизија цел ден?

Се шетате низ домот во пижами обидувајќи се да пронајдете инспирација за што било. И никогаш не ја пронаоѓате.

Потребна ви е промена на рутината за да не се претворите во мрзелива, неуспешна и мизерна личност.

Еве 10 совети како работењето од дома да ви биде екстра продуктивно:

Облечете се

Колку и да сакате да бидете во пижами, мора да признаете дека во нив никогаш не завршувате ништо. Пижамите се измислени за во кревет, па станете и облечете убава и чиста облека и фрлете се на работа. Ќе се чувствувате многу подобро.

Направете листа

Поставете си цели и запишете ги за да се чувствувате поорганизирано. Откако ќе ги завршите сите обврски ќе чувствувате многу големо задоволство гледајќи како сте прецртале сѐ од листата.

Отстранете ги работите што ви го одземаат вниманието

Телефонот, телевизорот или социјалните мрежи, никогаш нема да завршите ништо ако ова ви го одвлекува вниманието во текот на целиот ден.

Ослободете се од нив. Исклучете го телевизорот, тргнете ги колачињата и фокусирајте се на работата.

Без мултитаскинг

Не само што мултитаскингот ви го зголемува стресот во мозокот, туку и ве спречува комплетно да се посветите на вашите задачи. Многу е подобро да се фокусирате на една задача, да ја завршите успешно, па на наредната потоа.

10 soveti kako rabotenjeto od doma da go napravite ekstra produktivno 02

Јадете здраво

Звучи чудно како здравата исхрана ќе ве направи попродуктивни? Па нездравата храна ве прави ментално побавни и помалку мотивирани.

Обидете се со грицкање ореви, тие се моќно оружје против прејадувањето и депресијата, а го размрдуваат и мозокот.

Правете редовни паузи

Поставете го алармот на одредени интервали во денот и дозволете си некое време за релаксација помеѓу задачите.

Излезете на прошетка

Прошетка од 15 минути ќе ви го разбистри умот и ќе се чувствувате попродуктивни кога ќе се вратите. Прошетката е како вежбање и ве прави посреќни и поенергични.

Наградете се

Ветете си себеси дека по завршување на три задачи ќе се наградите со нешто. Без разлика дали тоа е пет минути на Фејсбук или парче чоколада, бродот вака ќе плови побргу.

Запишете си што треба да сторите утре

Со овие совети сигурно ќе имате попродуктивен ден, но сигурно не сакате тоа да биде само еднократно, па затоа запишете си ги работите што треба да ги сторите утре. Утрото ќе ви биде полесно кога се будите со мислата дека знаете точно што треба да сторите.

Наспијте се убаво

Дали знаете дека 1 од 5 возрасни личности не спие доволно? Недостигот од сон влијае на продуктивноста, нивото на стрес и способноста за решавање на проблемите.

Обидете се да спиете доволно и направете си рутина за која ќе бидете благодарни потоа.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg