Што се случува кога не ја оставате работата дури и кога сте на одмор?

Ако сте од оние кои со душа го чекаат одморот, но не можат да одолеат да го проверат службениот меил, па дури и да се вклучат малку во работата, тогаш можеби имате мал психолошки проблем и треба да размислите навистина да се одморите.

shto-se-sluchuva-ako-rabotite-i-za-vreme-na-odmorot-01.jpg

Според наодите на психолозите, дури и ако само половина час работите во текот на денот додека сте на одмор, вие го мамите вашиот мозок и тој воопшто нема да сфати дека всушност, не треба да биде во состојба за работа.

Доколку имате динамична работа, некогаш е потребно да се вклучите, но големи се шансите дека вашите тело и мозок воопшто нема да исперцепираат дека се одмарате, напротив, ќе се однесуваат исто како во работни денови.

Исто така, постои можност дека нема да уживате како на одмор, бидејќи правите активности како и секој друг ден, макар што тоа се случува со намален интензитет.

Можеби во текот на годината сонувате за тие 7, 10 или 15 дена во кои целосно сте исклучени од работата, но кога ќе пристигнете на одмор, сепак проверувате што се случува на работа.

Тоа е уште полесно во денешно време, благодарение на технологијата.

Сепак, доколку не се дистанцирате од работата дури ни во тие седум дена, организмот и понатаму ќе биде изложен на стрес.

shto-se-sluchuva-ako-rabotite-i-za-vreme-na-odmorot-02.jpg

Кој е лекот?

Едноставно, понесете го својот паметен телефон, но не и лаптопот. Лаптопите се опасни бидејќи на нив можете лесно да се заработите и да завршите повеќе работи, што не секој мобилен телефон го дозволува тоа.

Навистина, враќањето на меилови и проверката на работата може да биде отежнато преку мобилен телефон, па нема да паднете во замката да работите дури и во деновите за одмор кои законски ги добивате.

Наместо тоа, користете го својот телефон за да ги фотографирате сите убави места кои ги посетувате. Во таков случај, сигурно ќе имате вистински одмор.

shto-se-sluchuva-ako-rabotite-i-za-vreme-na-odmorot-03.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg