Како Кајли Џенер го стекнува богатството и стана најмладата светска милијардерка?


Како Кајли Џенер го стекнува богатството и стана најмладата светска милијардерка?

Forbes ја објави листата на најбогати жени во Америка кои сами го стекнале богатството, а многумина се изненадија кога ја видоа Кајли Џенер на листата.

kako-kylie-jenner-go-steknuva-bogatstvoto-i-stana-najmladata-svetska-milijarderka-01.jpg

20 годишната ѕвезда од Кардашијан-Џенер кланот „тежи“ 900 милиони долари и се очекува наскоро да стигне до 1 милијарда, а растот на богатството ја прави најмладата милијардерка во светот, титула која некогаш ја носеле Марк Закерберг и Бил Гејтс.

kako-kylie-jenner-go-steknuva-bogatstvoto-i-stana-najmladata-svetska-milijarderka-002.jpg

Иако е најмлада од сите сестри, таа се најде на насловна страна на Forbes и успеа да ја надмине дури и Ким, чие богатство е проценето на 350 милиони долари.

На многумина не им е јасно како таа го стекнала сама богатството, па во продолжение погледнете на кој начин таа ги заработува парите:

Нејзината компанија за козметика, Kylie Cosmetics, за 2 години продала шминка вредна 630 милиони долари.

Таа поседува 100% од компанијата, а најголем дел од работата и рекламирањето се случува на социјалните мрежи, каде има лесен пристап до фановите и купувачите.

kako-kylie-jenner-go-steknuva-bogatstvoto-i-stana-najmladata-svetska-milijarderka-02.jpg

Направи милиони со учеството во семејното ријалити шоу „Keeping Up With The Kardashians“.

Во октомври, 2017-та, Кардашијан-Џенер добиле 150 милиони долари за да го продолжат договорот, но не се знае како се поделени парите. Плус, во 2017-та таа стана дел и од шоуто посветено за неа, „Life of Kylie“.

kako-kylie-jenner-go-steknuva-bogatstvoto-i-stana-najmladata-svetska-milijarderka-03.jpg

Има многу профитабилни договори со компании како Puma и многу други кои ги рекламира на социјалните мрежи.

На нејзиниот Инстаграм профил често може да се најдат спонзорирани објави со кои ги поддржува производите на брендовите кои ѝ плаќаат за реклама. 

Obsessed with my @fashionnova dress 💎 Get it at FashionNova.com ✨ #ad @fashionnova

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on

Кајли има и линија за облека и аксесоари заедно со нејзината сестра Кендал Џенер.

Кајли имала само 15 години кога ја лансирале линијата, а производите „Kendall + Kylie“ може да се најдат во многу продавници низ светот како и онлајн.

kako-kylie-jenner-go-steknuva-bogatstvoto-i-stana-najmladata-svetska-milijarderka-04.jpg

Нејзината официјална апликација направила 105.170 долари првиот ден откако била пуштена и се искачила на листите.

Иако не објавува многу на апликацијата, таа имала голема заработка уште првиот ден откако била пуштена, со што ги надминала апликациите на нејзините сестри.

kako-kylie-jenner-go-steknuva-bogatstvoto-i-stana-najmladata-svetska-milijarderka-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Директор, адвокат, полицаец: Кои се омилени професии на психопатите? Работите на некое од наведените работни места? Ако одговорот е „да“, тогаш голем...
10 причини зошто (скоро) сите кои ги познавате си ја мразат работата Си ја мразиш работата? Па зошто не кажуваш? Постои група за поддршка за таквите....
Бегај од мажот кој не може да поднесе амбициозна жена – 3 правила за у... Прекрасната русокоса актерка која е веќе добитничка на Оскар во моментов е на вр...

Најчитани неделава