Оставете впечаток

ostavete-vpecatok-povekjeПоговорката вели дека никогаш нема да добиете втора шанса за прв впечаток. Дури и се вели дека се потребни не повеќе од 15 секунди во моментот на...

 

Реклама

...запознавање за другата личност да ве процени.

Во ова кратко време, другиот ствара мислење за вас врз основа на вашиот изглед, говорот на вашето тело, вашето однесување и манири.

За од прилика 4 минути, соговорникот ќе одлучи дали ќе сака да продолжи со вас да разговара во иднина.

Реклама

За да не ги изгубите идните можности од самиот старт, еве што треба да направите за да оставите добар впчаток:

ostavete-vpecatok

Остварете контакт со очи – Ова значи дека се интересирате, дека обрнувате внимание и дека имате самодоверба.

Во бизнисот е посебно важно да остварите контакт со очите кога се запознавате со некого и кога тој некој ви се обраќа.

Секако, не треба да се ѕверите во соговорникот, но гледањето на страна е знак на слабост, незаинтересираност или пак непочитување.

Прашувајте – Изградете однос брзо прашувајќи прашања. Луѓето ги паметат оние кои покажале интерес за нив.

Секогаш имајте спремни прашања, како на пр: “Зошто ви се допаѓа оваа работа?” и избегнувајте да зборувате многу за себе.

“Имитирајте” го нивното однесување – Кога двајца остваруваат силна врска, нивните акции и говорот не телото природно почнуваат да се поклопуваат.

Ова можете и свесно да го направите, но не претерувајте за да не стане премногу чудно.

Бидете фини – Најбитното нешто за да оставите добар впечаток е да му направите на соговорникот да се чувствува подобро отколку што се чувствувал пред да ве запознае вас.

Би можело да ве интересира:

Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...
„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg