Како да ги покажете своите квалитети на интервју, без да изгледате како егоисти?


Како да ги покажете своите квалитети на интервју, без да изгледате како егоисти?

На интервјуата за работа вие буквално се „продавате“ себе на потенцијалниот работодавец и треба да го убедите да ве „купи“.

kako-da-gi-pokazhete-svoite-kvaliteti-na-intervju-bez-da-izgledate-kako-egoisti-01.jpg

Но, границата помеѓу успешно интервју и фалење со себе е многу тенка. Добро е да ги нагласите своите квалитети, но тоа да не личи на егоистично излагање.

Обидете се да ги следите овие техники за да можете имате што поуспешно интервју:

1. Раскажете приказна

Наместо да звучите како да сте го научиле своето CV наизуст и само го рецитирате, обидете се вашето работно искуство да го преточите во приказна.

Дозволено е и во разумни дози да вклучите и ситни анегдоти, на пример проблем со кој сте се соочиле, како сте го решиле и кој бил исходот. На тој начин ќе оставите попријатен впечаток кај потенцијалниот работодавец.

kako-da-gi-pokazhete-svoite-kvaliteti-na-intervju-bez-da-izgledate-kako-egoisti-02.jpg

2. Внимавајте на тонот

Една иста реченица може да звучи различно во зависност од тонот и интонацијата со која е кажана. Обидете се да не звучите препотентно и арогантно, туку почитувајте ги добрите манири, зборувајте јасно и бидете прецизни во разговорот.

3. Внимавајте и на говорот на телото

Не претерувајте со гестикулации, однесувајте се природно и обидете се да не бидете подгрбавени и да изгледате несигурно. Гледајте го соговорникот во очи и не ја задржувајте насмевката.

kako-da-gi-pokazhete-svoite-kvaliteti-na-intervju-bez-da-izgledate-kako-egoisti-03.jpg

4. Бидете искрени

Еден од најсигурните чекори да ги освоите потенцијалните работодавци е да бидете искрени за претходните работни искуства. Не се обидувајте да звучите подобро од тоа што сте, бидејќи нема да успеете, особено ако интервјуто го води специјалист за човечки ресурси.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дали жените поминуваат потешко на интервју за работа отколку мажите? Понекогаш, по исцрпниот процес на барање огласи за работа и праќање CV-а, конечн...
Неочекувани фактори кои влијаат на тоа дали ќе ја добиете работата или не по интервјуто Знаењето, искуството и ставот влијаат многу на тоа дали ќе ја добиете позицијата...
10 фрази кои паметните луѓе никогаш не ги кажуваат на работа Доколку сте паметни или барем сакате да звучите како такви, добро е да знаете де...

Најчитани неделава