Научете како да успеете

naucete-kako-da-uspeete-povekjeЗборот неуспех многу често се интерпретира погрешно. Ако сте доживеале неуспех, не значи дека не сте успеале. Неуспехот значи дека не сте искористиле...

 

...одредена ситуација, но сте добиле прилика да научите нешто плус на патот до успехот.

Никој не успева при првиот обид. Секој успех е испреплетена мрежа од ситуации која личноста не ги очекувала, ситуации во кој не изреагирала како што сакала и ситуации кои иницијално требале да бидат поинакви.

Најголемата разлика меѓу успешните и неуспешните луѓе не е во тоа колку често доживуваат неуспех, туку колку пати се обиделе.

Успешните луѓе секој пат се креваат на нозе се додека не пронајдат нови опции и тактики кои функционираат.

Како да го претворите неуспехот во успех?

naucete-kako-da-uspeete

1. Учете од своите грешки. После секој неуспех запрашајте се што сте направиле добро, за да го повторите, а што те погрешиле, за да се поправите.

2. Верувајте во себе. Ако сакате да успеете мора да имате самодоверба.

3. Секогаш преиспитајте ја својата ситуација. Проверете до каде сте. Што сте направиле. Што треба да направите. Зошто? Со кого да соработувате? Со кого да контактирате? Ако нешто не е вредно труд, не треба да форсирате.

4. Обидете се повторно. Најважна лекција која треба да ја научите е никогаш да не се откажувате. Ако нешто се совпаѓа со вашите крајни цели тогаш не е важно колку пати не сте успеале, ќе се смета само оној пат кога сте биле успешни.

Успехот е конечен, а неуспехот дава можност за поправка и нов обид.

Би можело да ве интересира:

Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg