Навики поради кои ја губите почитта од колегите, а не сте ни свесни за тоа

Лошите навики нè следат во секој момент од нашиот живот и може да предизвикаат непријатни последици за нас.

naviki-poradi-koi-ja-gubite-pochitta-od-kolegite-a-ne-ste-ni-svesni-za-toa-01.jpg

Кога е работата во прашање, секој има по некоја навика која му помага да се извлече полесно со обврските, но ги вознемирува другите.

Проверете дали препознавате кај себе некоја од следниве навики и размислете како да ги искорените:

Постојано жалење

Сите што сте во таа канцеларија сте таму за да работите. Можеби имате повеќе обврски од некои од колегите, но има и такви кои имаат поодговорна и постресна работа. Доколку постојано се жалите, ќе стекнете и таква репутација на работа и никој нема да ве сфаќа сериозно.

Постојано сте неточни

Работното време е дадено за да го почитувате, времето за пауза исто така, а состаноците се закажуваат порано за да можете да стигнете точно навреме. Секако, се случува да задоцните, но тоа не треба да биде секој ден. Истото важи и за излегувањето порано од крајот на работното време.

naviki-poradi-koi-ja-gubite-pochitta-od-kolegite-a-ne-ste-ni-svesni-za-toa-02.jpg

Не прифаќате дека грешите

Секој може да згреши и тоа е човечки. За секоја грешка постои можност за поправка, доколку сфатите каде сте згрешиле и научите лекција од тоа. Најдобро е да размислите за решение кое ќе донесе најмалку штета.

Не прашувате и не прифаќате помош

Во вашата професионалност не би требало да се сомневате, но не е страшно ниту да побарате помош, ни да ја одбивате ако ви се нуди. Запомнете, подобро е да прашате, отколку да направите неповратна грешка. А, ако некој се нуди да ви помогне, дозволете му.

Вршите приватни обврски на работа

Да ја платите сметката онлајн не е ништо страшно бидејќи тоа одзема навистина две минути. Но, да поминувате многу време на Фејсбук, да пазарувате на Амазон или да работите „фриленс“ за други компании.

naviki-poradi-koi-ja-gubite-pochitta-od-kolegite-a-ne-ste-ni-svesni-za-toa-03.jpg

Озборување на колегите

Некој ден ќе ви се врати и тоа на најлош можен начин. Внимавајте со кого разговарате и што кажувате.

Работите без ентузијазам

Сите имаме денови кога сме мрзеливи или немаме мотивација. Но, ако тоа трае подолго од еден до два дена, вашите претпоставени ќе забележат дека нешто не е во ред и можете да бидете етикетирани како незаинтересирани.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg