Досадно ви е на работа? (2)

dosadno-vi-e-na-rabota-2-povekjeОзборувањата во фирмата дека следат отпуштања, намалувања на платата, како и намалување на обемот на работа најверојатно крајно ќе ве демотивираат.

 

Па, дури и во таква ситуација секога треба да ја држите главата високо горе:

Вклучете се во нови проекти. Од пронаоѓање начини за штедење до волонтирање на некој проект. Ваквите активности ќе ви го вратат чувството на контрола врз работата и ќе ви ги наполнат батериите за нови предизвици.

Кажете и не на негативноста. Кафе-пауза муабети за отпуштањата и намалувањето на платите само дополнително ќе ја предизвикаат вашата несигурност. Оставете го ‘кукањето’ за надвор од фирмата со вашиот партнер или пријателите, а во разговорите со колегите секогаш останете неутрални.

Поставете си мини цели. Доаѓајте порано еден ден во неделата и договорете бреинсторминг со вашиот надреден за одредена идеја која што вие ја имате. Целите ќе ви дадат енергија и чувство на остварување што ќе ви помогне да останете во форма и кога работата оди споро.

Вложете во себе. Учествувајте на некој настан, одете на некоја обука. Иако нема да видите директни резултати од ова (унапредување или нова работа), сепак проширувањето на вашите контакти може да донесе големи можности.

Забавувајте се надвор од работа. Важно е да уживате во вашиот живот, особено кога сте под стрес. Најдете едно нешто кое нешто не е поврзано со работа, а кое што ве возбудува (експериментирајте со апаратот, усовршете го јазикот што го учите...).

Би можело да ве интересира:

Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...
10 бон-тон грешки заради кои не напредувате во кариерата, низ илустрации Не ги критикувајте и не ги озборувајте колегите, внимавајте како комуницирате......
Искрени исповеди: По што ќе познаете лош шеф? „Редовно заглавување прекувремено и гледање на тоа како да е нешто нормално. Не,...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg