Како да стоите зад своите ставови на работното место?

Канцеларијата понекогаш може да биде отворен фронт меѓу колегите во кој победува оној кој прв ќе приложи „издржани“ аргументи кај претпоставениот.

kako-da-stoite-zad-svoite-stav-i-kvaliteti-na-rabotnoto-mesto-01.jpg

Дури и да сте од оние кои не сакаат валкани игри и кодошења, лесно може да се најдете во центарот на таков настан. Тоа навистина не е пријатно, особено ако работата ја работите чесно и никогаш намерно не сте наштетиле никому.

Но, бидете свесни дека не размислуваат сите како вас. Поради тоа, добро е да бидете подготвени во случај да дојде до таква непријатна ситуација:

Нагласете ги своите квалитети

Доколку сте млада личност, лесно можете да станете „плен“ на поискусните, кои се сомневаат во вашето искуство и компетентност. Но, на вас е да кажете и покажете дека сте соодветни за позицијата, како и смирено да објасните зошто сте способни и како вашиот придонес е значаен за работата.

Држете се до фактите

Никогаш не носете одлуки и заклучоци базирани на претчувство или на чуено озборување. Дури и кога сте најсигурни на светот дека планот и стратегијата нема да успеат, спротивставете се со факти. Доколку ги немате, тогаш вашето зборување ќе биде неубедливо.

kako-da-stoite-zad-svoite-stav-i-kvaliteti-na-rabotnoto-mesto-02.jpg

Однесувајте се соодветно со колегите

Комуникацијата со пријателите и комуникацијата со колегите се два различни поима. Дури и ако со некој од колегите сте блиски пријатели, службената комуникација треба да биде на официјален стил.

Разбудете го шефот во себе

Сосема е нормално да не им верувате на оние околу себе дека се способни да ја завршат работата подеднакво добро како и вие. Но, многу полесно ќе биде ако постигнете договор со кој на сите рамноправно ќе ви биде распределена работата. Пронајдете го авторитетот во себе и применете го за да ги подобрите резултатите.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg