Ветувања што треба да си ги дадете себе на почетокот на новата работа

Дојде и тој ден, го напуштивте старото работно место и започнавте во ново, со желба и надеж дека сè ќе биде подобро од претходно.

vetuvanja-shto-treba-da-si-gi-dadete-sebe-na-pochetokot-na-novata-rabota-01.jpg

Новото работно место е значаен пресврт во вашиот живот.

Тогаш станувате свесни дека ветувањата што сте си ги дале на почетокот на кариерата делумно сте ги исполниле.

Она што останало неисполнето е грижата за себе и онаа здрава себичност што треба да ја имате, но не сте добиле шанса да си ја дозволите.

Поради тоа, смирете ги мислите и посветете се и на своето исполнување, а не само на работните обврски:

1. Спијте подобро и поквалитетно

Спиењето ви е потребно за да можете да бидете продуктивни и ефикасни.

Можеби досега не сте можеле да го исполните тоа, но сега е точниот момент да си ветите дека ќе си легнете пред полноќ и нема да дозволите социјалните мрежи да ве вознемируваат.

2. Ќе воведете утринска рутина

Наместо да се будите и набрзина да се спремите и да заминете на работа, дајте си повеќе време наутро.

Можете да пиете кафе или чај, да се туширате или да прочитате неколку страници од книгата.

Тоа време посветете си го само на себе.

vetuvanja-shto-treba-da-si-gi-dadete-sebe-na-pochetokot-na-novata-rabota-02.jpg

3. Не плашете се да поставувате прашања

Вашите колеги се свесни дека сте нови и дека ќе треба да ви помогнат додека да ја научите „шемата“ на работните обврски.

Пронајдете го својот ментор меѓу колегите и не се срамете да побарате помош.

4. Спријателете се со колегите

Тоа не значи дека треба да ви бидат најдобри пријатели, туку едноставно, пријателскиот однос ви дава голема предност во извршувањето на задачите и пријатниот работен ден.

Ценете ги колегите исто како што ги цените и најдобрите пријатели.

vetuvanja-shto-treba-da-si-gi-dadete-sebe-na-pochetokot-na-novata-rabota-04.jpg

5. Застанете зад своите идеи

На првото работно место учите, а веќе на сите понатаму го применувате наученото и го надоградувате.

Не дозволувајте срамежливоста и несигурноста да ве фрлат во сенка на колегите кои сакаат да се истакнат со своите идеи. Правете го и вие тоа.

6. Користете го викендот разумно

Викендот е време кога треба да се одморите и да бидете со оние кои ви се блиски.

Доколку нема потреба, не се оптоварувајте непотребно со работата во текот на неработните денови.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
10 бон-тон грешки заради кои не напредувате во кариерата, низ илустрации Не ги критикувајте и не ги озборувајте колегите, внимавајте како комуницирате......

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg