14 знаци дека вашата компанија не се грижи за вас

Шефот ви се обраќа само кога ќе направите некоја грешка, а кога треба да ве пофали исчезнува од лицето на земјата.

14-znaci-deka-vashata-kompanija-ne-se-grizhi-za-vas-01.jpg

Чувството дека не се доволно ценети е една од главните причини зошто луѓето ги напуштаат работните места.

„Да, сите работат за плата, но сите сакаат да чувствуваат дека со својата работа придонесуваат и прават разлика“, вели ЛЛин Тејлор, авторот на книгата „Tame Your Terrible Office Tyrant: How to Manage Childish Boss Behavior and Thrive in Your Job“.

Ако компанијата не ве цени, нормално е да се чувствувате немотивирано и тоа да има ужасни ефекти на долг рок.

Знаци дека компанијата не ви ја дава потребната поддршка:

1. Никогаш не ве прашуваат за мислење или идеја.

2. Шефот не ви нуди поддршка, не ви дава упатства, ниту повратна реакција за вашата работа.

14-znaci-deka-vashata-kompanija-ne-se-grizhi-za-vas-04.jpg

3. Не ве плаќаат доволно и свесни сте дека вашата плата е пониска од тоа што заслужувате да бидете платени.

4. Не ви го дадоа заслуженото унапредување и иако сте супериорни во однос на колегите, останувате на исто ниво со нив.

5. Вашите барања за помош се игнорирани и не ви се обезбедени алатките за да го дадете максимумот од себе.

14-znaci-deka-vashata-kompanija-ne-se-grizhi-za-vas-07.jpg

6. Шефот нема доверба во вас и поважно му е да му донесете потврда од доктор дека сте болни кога отсуствувате, наместо да ве праша како сте со здравјето.

7. Вашиот шеф е глув за поплаките дека поради прекувремената работа го запоставувате семејството.

8. Шефот користи тактики на заплашување секој пат кога ќе проговорите за проблемите или ќе побарате покачување на платата.

14-znaci-deka-vashata-kompanija-ne-se-grizhi-za-vas-02.jpg

9. Никогаш не ве информираат за крајните резултати од проектите, иако сте биле дел од нив.

10. Не сте вклучени во носењето на одлуките и никој не се консултира со вас.

14-znaci-deka-vashata-kompanija-ne-se-grizhi-za-vas-06.jpg

11. Важните информации за компанијата ги добивате последни.

12. Шефот ви се обраќа само кога ќе направите некоја грешка, а кога треба да ве пофали исчезнува од лицето на земјата.

13. Имаат барања од вас дури и во деновите за одмор.

14-znaci-deka-vashata-kompanija-ne-se-grizhi-za-vas-03.jpg

14. Не се борат за да ве задржат и ви велат слободно да ги истражите можностите што ви се нудат на друго место.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Знаци дека сте „прегорени“ од работа и како да се справите со овој проблем Поставете граници и немојте да ги прескокнувате паузите за ручек – што да правит...
Српска компанија им даде неограничен број слободни денови на вработените - Добра идеја или промашува... „Веруваме дека добрите вработени создаваат задоволни клиенти, целта ни е да ги з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg