Како да се „откачите“ од работата за време на празниците?

Нова година и Божиќ се празници на кои треба да се посветиме на семејството и најблиските. Но, многумина и во тие денови ќе го проверуваат службениот мејл.

kako-da-se-otkachite-od-rabotata-za-vreme-na-praznicite-01.jpg

Иако не е едноставно, понекогаш мора сериозно да се разделите од работата. Секако, постојат и професии кај кои тоа не е можно, особено кај лекарите, но колку што може, потребно е во тој период да се направи детокс од работата.

Менталното „откачување“ од работата има позитивни психолошки бенефити. Во тие денови вие ќе одморите доволно за да можете веќе следниот работен ден да бидете попродуктивни и да не го мразите утрото кога алармот ќе заѕвони за на работа.

За ова да ви успее, треба да:

Ги исклучите нотификациите од службениот мејл

Ако е навистина итно, ќе ви телефонираат.

Излезете од своето професионално јас

Пред семејството и пријателите нема потреба да бидете во деловно расположение.

Дадете приоритет на себе

Вие и вашите најблиски сте најважни во овој период.

Верувате дека сè ќе биде во ред

А и сигурно фирмата нема да изгори токму во тие денови.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...
Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg