„Не трошете време на состаноци“ и уште 8 чудни правила кои Илон Маск ги следи за успех

За да постигнете успех, мора прво да знаете што точно значи тоа за вас и да бидете целосно посветени кон негово достигнување.

ne-troshete-vreme-na-sostanoci-i-ushte-8-chudni-pravila-koi-ilon-mask-gi-sledi-za-uspeh-01.jpg

Илон Маск е пример за човек кој успеал во што и да посакал, па би било добро сите да научиме по нешто од него.

За да го постигне тој успех, тој се водел по многу чудни правила, кои му го овозможиле местото на кое што се наоѓа сега, но дали всушност тие можат навистина да им помогнат на сите? 

Илон Маск има бизарна работна етика, но очигледно успешна – ова се неколку правила за успех кои тој ги следи, а вие проценете дали навистина би функционирале кај сите:

Работете многу напорно без престан, бидејќи секогаш има некој што работи понапорно од вас

Животот на Илон Маск се врти околу работата, а бројни извори потврдиле дека тој има луда работна етика.

Маск работи околу 80-100 часа неделно во неговите компании, а во интервју има изјавено дека попрво би работел цел ден отколку да седи и да појадува.

ne-troshete-vreme-na-sostanoci-i-ushte-8-chudni-pravila-koi-ilon-mask-gi-sledi-za-uspeh-02.jpg

Не рекламирајте, само создадете го совршениот производ 

Илон Маск е еден од највлијателните милијардери на векот, па со оглед на тоа, неговите совети за водење нов бизнис имаат големо значење.

Според милијардерот, нова компанија не треба да се фокусира на маркетиншкиот аспект, туку на целосниот квалитет на самиот производ.

Треба да се фокусирате на тоа дали производот е добар и дали ќе донесе задоволувачки профит.

ne-troshete-vreme-na-sostanoci-i-ushte-8-chudni-pravila-koi-ilon-mask-gi-sledi-za-uspeh-03.jpg

Читајте многу, многу книги

Интелигенцијата и мудроста на Маск според многумина не можат да се проценат, а во неколку интервјуа, тој има откриено дека уште како мал читал многу книги и енциклопедии и смета дека треба да целиме кон зголемување на обемот на човечката свест за подобро да разбереме какви прашања да поставиме.

ne-troshete-vreme-na-sostanoci-i-ushte-8-chudni-pravila-koi-ilon-mask-gi-sledi-za-uspeh-04.jpg

Не користете патентирање

Илон Маск верува дека работите како правна документација го спречува прогресот во неговата мисија да им го даде на клиентите она што е најдобро.

Сепак, дали е подобро да се биде безбеден и да знаете дека никој нема да украде ваша идеја или да се каете за тоа што конкуренцијата ги земала вашите заслуги?

ne-troshete-vreme-na-sostanoci-i-ushte-8-chudni-pravila-koi-ilon-mask-gi-sledi-za-uspeh-05.jpg

Парите не се крајна цел

Со оглед на тоа што парите веќе не му се приоритетна цел на Маск, тој ги поминува деновите размислувајќи за иднината.

Наместо да се стремите кон пари, стремете се кон подобра иднина и решавање на проблемите кои може негативно да влијаат на општеството во иднина.

ne-troshete-vreme-na-sostanoci-i-ushte-8-chudni-pravila-koi-ilon-mask-gi-sledi-za-uspeh-06.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

6-те тајни на успехот (кои секоја амбициозна личност ги знае) Кои се тајните на успешните луѓе? Правило број 1: Успешните луѓе не веруваат во ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Шеф од Хрватска ангажирал приватен детектив да ја следи вработената дали навистина е на боледување Вработена во Хрватска побарала денови од одмор, шефот не ѝ одобрил. Земала болед...
10 бон-тон грешки заради кои не напредувате во кариерата, низ илустрации Не ги критикувајте и не ги озборувајте колегите, внимавајте како комуницирате......

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg