Паметен шеф сподели: Со кои 3 прашања ги елиминира најлошите кандидати за време на интервјуто за работа?

Како и најголемиот број на работодавачи, Chieh Huang исто така не е заинтересиран да вработи луѓе кои се премногу ригидни или пак сезнајковци. За таа цел тој креирал 15-минутен тест кој му помага да ги открие работниците коишто не сака да станат дел од неговата компанија.

So-koi-3-prasanja-se-eliminiraat-najlosite-kandidati-01.jpg

Кога новото вработување не се покажува како најдобрата одлука, причината е ретко неспособноста на човекот. Вака размислува генералниот директор на компанијата Boxed, Chieh Huang, кој вели дека проблемот најчесто лежи во карактерот на луѓето, односно нивната неспособност да работат тимски со другите колеги.

За време на последното интервју, Huang вели дека на своите потенцијални кандидати за вработување им поставува 3 клучни прашања кои му се доволни да го разграничи добриот од лошиот кандидат:

1. Кажи ми нешто повеќе за себе, но не смееш да споделиш ништо што веќе е напишано во твоето резиме.

Ова прашање, изненадувачки им создава тешкотија на многу кандидати. Некои од нив повторно се навраќаат на делови од своето CV – „Додека студирав го работев тоа и тоа.“ или пак фаќаат сосема поинаква насока: „Имам многу лош однос со брат ми“…

Многумина започнуваат да зборуваат за својата омилена храна или патувања, за своите хобија или интереси, што според Huang е важно, бидејќи понекогаш вработените ќе поминуваат повеќе време со него на работа, отколку дома со своите семејства.

Добро е да се знае дека умеат да водат нормален разговор. Но, она што тој го бара е личноста да има став, доволна доза на љубопитство и отворен ум кон нештата.

2. Која земја целосно ќе го забрани возењето на автомобили? И која година сметате дека ќе се случи ова?

Второто прашање вообичаено варира, но битно е кандидатите добро да размислат пред да го понудат својот аргументиран одговор, наместо да го издрдорат првото нешто што ќе им падне на ум.

Единствениот погрешен одговор, во секој случај, е доколку кандидатот ги крене рамениците и едноставно рече: Не знам.

Третото и последното прашање гласи:

3. Оцени го своето познавање на технологијата на скала од 1 до 10.

Секој што без размислување ќе одговори 9 или 10, инстантно добива „црвено знаменце“ од Huang.

Во ред е да бидете експерти за одредени нешта како мобилни телефони, делови од компјутери итн., но да кажете дека сте експерт од полето на технологијата и да самооцените со 9 или 10 е лудост.

Реалноста е дека целата индустрија се менува неверојатно брзо, практично прекуноќ и никој не знае што ќе се случи во наредните 10 дена, а камо ли во наредните 10 години.

Секој што тврди дека е експерт во оваа област и знае сè што треба да се знае, генерално се чувствува супериорен кон другите и сака да им „соли памет‘, а тоа не е квалитет што го бараат работодавците.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
6-те тајни на успехот (кои секоја амбициозна личност ги знае) Кои се тајните на успешните луѓе? Правило број 1: Успешните луѓе не веруваат во ...
10 бон-тон грешки заради кои не напредувате во кариерата, низ илустрации Не ги критикувајте и не ги озборувајте колегите, внимавајте како комуницирате......
Знаци дека сте „прегорени“ од работа и како да се справите со овој проблем Поставете граници и немојте да ги прескокнувате паузите за ручек – што да правит...
Српска компанија им даде неограничен број слободни денови на вработените - Добра идеја или промашува... „Веруваме дека добрите вработени создаваат задоволни клиенти, целта ни е да ги з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg