„Јас сум ништо без мојот Инстаграм“ - Блогерка чиј профил е избришан хистерично плаче
„Никогаш сум немала квалификации за некоја работа, никогаш не би можела да работам нормална работа. Што да правам сега?“

Џеси Тејлор е Инстаграм блогерка која имала 113.000 следбеници, но нејзиниот профил бил избришан поради тоа што некој ѝ го пријавувал.
Таа сними видео како во море од солзи ги предупредува луѓето да размислат 2 пати пред да пријават некого и дека таа сега се чувствува ужасно затоа што така заработувала пари и работа од 9 до 17 часот не била за неа.

Џеси се пожали дека среде едитирање нејзиниот Инстаграм бил избришан. Се обидувала да го врати, но безуспешно.
Таа вели „Јас сум ништо без моите следбеници“ и дека животот ѝ е уништен затоа што заработувала онлајн. Работела пренапорно и бришењето на нејзиниот Инстаграм профил ѝ е најлошиот миг во животот.

„Никогаш сум немала квалификации за некоја работа, никогаш не би можела да работам нормална работа.“
Погледнете го видеото:
Џеси сега отвори нов Инстаграм профил на кој има само 12.000 следбеници.
С. С. | Црнобело
