Знаете ли што е ефектот на Галатеа?

Ефектот на Галатеа е именуван според митот за Пигмалион. Според приказната, кралот на Крит, наречен Пигмалион, ја барал идеалната жена. Бидејќи не можел да ја пронајде никаде, решил да направи скулптура на жена со сите атрибути што ги барал.

Znaete li sto e efektot na Galatea 01

Лицето на скулптурата не претставувало само физички квалитети, туку и други вредности. Лицето морало да има убавина, нежност, благородност, чувствителност и многу други доблести. 

Неговото дело било толку совршено што, кога завршил, се заљубил во скулптурата која ја нарекол Галатеа. Божицата Афродита, која го гледала, одлучила да интервенира и да ѝ даде живот на статуата.

Така, кралот на Крит, ја нашол својата идеална сопруга. Оваа желба за добивање на нештата е она што го нарекуваме ефектот на Галатеа.

Ефектот на Галатеа сугерира дека колку сме повеќе убедени во нашата способност да постигнеме одредена цел, толку е поголема веројатноста дека ќе успееме во намерата. Со други зборови, овие верувања во голема мерка го одредуваат исходот на нашите планови.

Овој ефект не влијае само врз нашиот внатрешниот свет. Истиот има и јасно социјално влијание, односно како се проектираме пред другите.

Znaete li sto e efektot na Galatea 02

Ако сме убедени дека сме способни, постои голема веројатност дека ќе им ја „продадеме“ оваа илузија на другите. И обратно. Ако се сомневаме во нешто, најверојатно и другите ќе го сторат истото.

Чекори што треба да ги следите

Некои цели се тешки, а некои се едноставно невозможни. Проценете дали вашите планови се изводливи и остварливи.

На пример, ако сакате да станете невидливи, но немате хипотези што можат да ги надминат тековните закони на физиката, таа цел е невозможна. Секој може да ја постигне целта доколку правилно планира како да ја реализира.

Znaete li sto e efektot na Galatea 03

Вториот чекор е да верувате во сопствените способности. Не ги ограничувајте, само верувајте во нив. И конечно, правилната слика за себе и самодоверба се тесно поврзани со само-перцепцијата.

Мислите ли дека сте доволно вредни? Дали има нешто што ве тера да се сомневате во себе? Дали се откажувате од големи работи пред да ги пробате, бидејќи не се сметате за успешна личност?

Znaete li sto e efektot na Galatea 04

Проценете се себеси и разберете кои сте, што можете да направите и што заслужувате. Ако не верувате дека можете и заслужувате нешто, веројатно нема да постигнете ништо.

Вака функционира ефектот на Галатеа.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg