Ментални карти - зошто се корисни и како да ги креирате?

Човечкиот мозок се стреми кон едноставност и блискост. Поради оваа причина, се обидува да ги синтетизира и категоризира сите информации, за да ја намали сложеноста на околината и да ја елиминира потребата за постојано учење. Со прости зборови, за полесно да го разбере светот.

Mentalni karti zosto se korisni I kako da gi kreirate 01

Тоа го прави со употреба на ментални карти, односно многу едноставни претстави засновани на асоцијации, креативност и имагинација. Дознајте зошто е добро да се користат ментални карти и како да ги направите.

Веројатно се најдовте во ситуација во која требаше да решите одреден проблем, но не знаевте како да продолжите и на кој начин.

Понекогаш е во таквите ситуации најдобро да ставите сè на хартија, односно да ги разгледате сите предности и недостатоци, да ги уредувате и категоризирате сите расположливи информации и да донесете одлука.

Правила за изработка на ментална мапа

Бидејќи креирањето на менталните карти дозволува одредено ниво на слобода и автономија, важно е да се нагласи дека постојат некои правила, кои не се толку строго дефинирани.

Користењето на сите креативни и логички вештини ви овозможува да користите свои асоцијации, слики, броеви, бои, зборови и цртежи за да запомните повеќе информации.

Mentalni karti zosto se korisni I kako da gi kreirate 02

Еве што треба да направите:

  • Утврдите ја главната тема или клучното прашање,
  • ставете ја главната тема во средината на хартијата, во форма на цртеж,
  • од средината на хартијата, или главната тема, разгранете ги клучните зборови по рабовите на хартијата,
  • на линиите што се протегаат од главната тема до клучните зборови, внесете значења што ги опишуваат клучните зборови,
  • должината на линиите треба да биде еднаква на должината на зборовите што ги пишувате на неа,
  • користете различни симболи и големини на букви кога креирате дијаграм,
  • користете различни бои за полесно да ги запомните одредените зборови и значења,
  • истакнете ги најважните делови со одредени знаци (на пр. стрелки, рамки),
  • користете сопствени асоцијации за да запомните одредени зборови и значења,
  • бидете креативни-развијте го својот стил на креирање ментални карти.

Mentalni karti zosto se korisni I kako da gi kreirate 03

Зошто се корисни овие карти?

Нашите мозоци имаат тенденција да ги поедностават информациите што ги добиваат од околината. Сите нови информации што ги примаме се обидуваме да ги сместиме во некоја од веќе постоечките категории.

Овие категории се состојат од одредени нивоа. Така постои основно ниво (на пр. куче) што нашиот мозок го претпочитува над другите нивоа, но исто така и супериорно ниво (на пр. животно) и подредено ниво (на пр. златен ретривер). Слично на тоа ги категоризираме повеќето информации.

Токму врз овие темели се создаваат ментални карти кои секогаш започнуваат од клучната тема, која претставува основно ниво, а потоа се раздвојува на сите други нивоа што треба да ги запомниме и да ги структурираме во мозокот.

Иако, генерално, сè е претставено во форма на дијаграм, се формира целина што се состои од низа елементи. Благодарение на менталните карти, разбирањето, организирањето и запомнувањето на одредена содржина станува полесно, побрзо и поедноставно.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg