7 совети што Бил Гејтс би ѝ ги кажал на неговата помлада верзија
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


7 совети што Бил Гејтс би ѝ ги кажал на неговата помлада верзија

Како еден од најуспешните луѓе на денешницата, Бил Гејтс дефинитивно има многу мудрости за споделување. Сепак, не секогаш го имал ова искуство, па дури и тој сака да знаел некои работи кога бил помлад.

8-soveti-shto-bil-gejts-bi-i-gi-kazhal-na-negovata-pomlada-verzija-01.jpg

Доколку ви е потребен некаков совет, без разлика во каква ситуација се наоѓате, тогаш сигурно ќе ви се најдат советите што Бил Гејтс би ѝ ги кажал на неговата помлада верзија.

Бидете свесни за себе

Во февруари оваа година, Бил Гејтс се наврати на неговата младост и прозборе за свесноста.

„Би сакал да пробав да бидам посвесен за себе, без да се ослободам од фокусот и желбата за учење.“

Разбирање на важноста на разните вештини

Во интервју од минатата година, со Марк Цукерберг и Лин Мануел Миранда, Гејтс сподели што мислел за вештините што треба да ги стекне.

„Бев многу навиен за разните вештини. Мислев дека ако некој има висок коефициент на интелигенција, тогаш ќе биде добар во сè. А, идејата дека треба да се комбинираат неколку различни вештини, сè уште ме изненадува.“

8-soveti-shto-bil-gejts-bi-i-gi-kazhal-na-negovata-pomlada-verzija-02.jpg

Постојат различни форми на интелигенција

На својот Twitter профил, Гејтс напиша неколку збора за интелигенцијата.

„Сакам да знаев некои работи кога заминав на факултет. На пример, интелигенцијата има многу различни форми. Таа не е со една димензија. И не е толку важна колку што мислев.“

Социјалниот развој на луѓето се одвива со различно темпо

Во 2017-та година, на форумот Reddit, Гејтс кажа нешто и за неговите проблеми со социјализирањето.

„Во минатото не ми одеше социјализирањето, но не сум сигурен дали постои совет за тоа. Можеби требало да бидам таков и едноставно, да пораснам.“

8-soveti-shto-bil-gejts-bi-i-gi-kazhal-na-negovata-pomlada-verzija-03.jpg

Научете за нееднаквоста во светот

Во објава на Twitter од 2017-та година, Гејтс изјави дека сакал порано да научи за нееднаквоста што нѐ опкружува.

„Многу жалам за едно нешто – кога го напуштив училиштето, знаев многу малку за најлошите нееднаквости во светот. Ми беа потребни децении за да научам за нив.“

Разберете ја важноста на луѓето кои ве предизвикуваат

Уште еден совет од Twitter профилот на Бил:

„Опкружете се со луѓе кои ве предизвикуваат, кои ве учат и кои ве туркаат да бидете најдобрата верзија од себе. Како што Мелинда прави за мене.“

8-soveti-shto-bil-gejts-bi-i-gi-kazhal-na-negovata-pomlada-verzija-04.jpg

Најмете луѓе кои се експерти во разни области

Во едно интервју, Бил изјави дека на почетокот, ги потценувал експертите во разни области. Верувал дека тој е способен да научи сè и го занемарувал туѓото искуство.

„Кога бев млад, секогаш најмував луѓе мислејќи дека нашата организација ќе порасне многу. Немав доволно почит за различното, подлабокото знаење. Немав доволно почит за добро менаџирање, ниту знаев што значи тоа.“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 знаци дека никогаш нема да бидете богати Наспроти популарното верување дека сите имаат еднаква шанса да се збогатат, пров...
Дали жените поминуваат потешко на интервју за работа отколку мажите? Понекогаш, по исцрпниот процес на барање огласи за работа и праќање CV-а, конечн...
Луѓе кои се збогатиле на чудни начини Кога ќе помислите дека вашата бизнис идеја е луда, ќе се изненадите колку од луѓ...

Најчитани неделава