Скршете ги табуата и научете како да разговарате со колегите за платата

Разговорот со колегите за платата отсекогаш се сметаше за табу-тема. Можеби тоа е причината зошто жените често заработуваат помалку од мажите на истите позиции, и тешко можат да ја видат нивната вистинска вредност.

Skrsete gi tabuata i naucete kako da razgovarate so kolegite za platata 01

Неопходно е да се создаде здрав и професионален однос во кој секој ќе може да зборува отворено за парите.

Ако се сомневате или двоумите дали да ги прашате вашите колеги за платата, прочитајте ги следните совети и обидете се да ги искористите во пракса:

1. Запрашајте се зошто сакате да зборувате за тоа

Дали сакате да ја споредите вашата плата со платата на колегите за да се чувствувате подобро или полошо после тоа? Или вашата цел е да го откриете износот на парите за одредена позиција?

Во вакви ситуации намерата е многу важна. Ако едноставно не се чувствувате пријатно да ја започнете темата, не започнувајте ни разговор. Ако некој од вашите колеги се појави со оваа идеја, слободно прашајте ги што стои зад тоа.

2. Размислете колку детали сакате да откриете

Кога поставувате цел, размислете за тоа како или колку прецизни сакате да бидете. Ако мислите дека точното изнесување на бројките ќе ви помогне да се чувствувате добро, правете го тоа, зошто да не.

Како и да е, секогаш можете да бидете неодредени со тоа што ќе ја кажете приближната сума, а не точната.

Skrsete gi tabuata i naucete kako da razgovarate so kolegite za platata 02

3. Ако чувствувате потреба, распрашајте се за политиката на фирмата

Постои верување дека зборување за платата за време на работното време е многу навредливо. Правилата варираат од фирма до фирма, затоа е најдобро да зборувате директно со вашиот претпоставен или директор, доколку не сте сигурни.

Нема ништо лошо во конструктивна приказна за парите, затоа што се неопходен дел од животот на сите нас. Колку помалку се чувствувате непријатно во оваа ситуација, толку порелаксирано ќе се однесуваат вашите колеги кон темата.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...
„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg