Имате безобразен колега?

imate-bezobrazen-kolega-povekjeАко имате безобразен колега или соработник веројатно често умее да ви го расипе целиот ден, а работата се повеќе ја мразите токму поради него.

 

Сепак, најважно е да го промените својот став.

Што да направите во ваква ситуација?

imate-bezobrazen-kolega

1. Избегнувајте го. Ако канцеларијата е доволно голема обидете се да бидете на дистанца од него. Комуницирајте само по потреба и останете љубезни.

2. Кажете му/и дека е непријатен/непријатна. Кога ќе каже нешто несоодветно и безобразно едноставно кажете дека тој коментар не е на место.

3. Споделете со претпоставениот. Пожалете се дека вашиот колега знае да биде навистина безобразен и неговото однесување ве навредува.

4. Барајте преместување. Побарајте да ве преместат во друга канцеларија или барем подалеку во истата.

5. Прифатете го колегата онаков каков што е. Ако тој е безобразен – вие немојте да бидете. Ова е последното нешто кое ви преостанува. Неговите коментари не ги доживувајте како критика туку како негов стил за комуникација.

Што никако не смеете да направите?

1. Да возвратите со иста мера.
2. Да изгубите нерви.
3. Да се развикате пред сите.
4. Да се расплачете.

Би можело да ве интересира:

Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...
„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg