Значењето на парите

znacenjeto-na-parite-povekjeДали е бесмислено во современото општество да се праша колку ви значат парите? И дали другите ќе ве сметаат лоша личност доколку одговорите дека...

 

...парите ви се многу важни? Ќе излезете ли лицемер ако кажете дека парите воопшто не ви значат?

Со пари не можеме да купиме љубов (ако се иземат домашните миленичиња), но постои и онаа познатата изрека парата врти кај што бургијата запнува. А, што да се каже за жените кои тврдат дека дијамантите им се најдобри пријатели?

znacenjeto-na-parite

Секој од нас има цел убаво да живее, да има слобода на одлучување за тоа како ќе му се одвива животот. Околностите во кои што живееме упорно укажуваат на тоа дека спомнатото може да се постигне доколку имаме доволно пари во новчаникот или во банка.

Доколку нашата парола е - оделото го прави човекот и доколку во тоа повеќе пати лично сте се увериле, нема смисла да ве убедуваме во неважноста на парите. Сепак, сигурно е дека некои лимити постојат кај секој од нас.

Никој не би сторил баш сè за да дојде до пари, иако бедата отсекогаш се сметала за лош советодавец. Многу луѓе ќе се потрудат да остават добар впечаток, на прво место кај своите работодавачи, што повторно не носи на теренот на парите. Тоа што некој се труди секогаш да биде продуктивен, денес значи дека желбата за повеќе пари ни го одредува начинот на живеење.

Не е за чудење што многумина тешко се снаоѓаат во потрошувачкото општество. Сите би сакале да имаат многу пари, а пари никогаш нема доволно.

Малкумина материјалната корист ја остваруваат исклучиво за да им помагаат на најблиските, за да стекнат подобро образование или пак да основаат фондови за помиош на оние кои се загрозени и на кои финансиската помош навистина им е неопходна.

Што се прашувате кога одите на разговор за нова работа? Колкава ќе ми биде платата, или што всушност ќе работам? Од одговорот на тоа прашање зависи вашиот став кон парите, како и начинот на кој ќе ги трошите заработените пари.

Би можело да ве интересира:

4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
10 бон-тон грешки заради кои не напредувате во кариерата, низ илустрации Не ги критикувајте и не ги озборувајте колегите, внимавајте како комуницирате......
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Знаци дека сте „прегорени“ од работа и како да се справите со овој проблем Поставете граници и немојте да ги прескокнувате паузите за ручек – што да правит...
„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg