Листа на најплатените јутубери на светот - 9-годишно дете е на првото место

Од YouTube видеа до милиони. Ако во минатото беше мошне тешко да станеш славен, без разлика на тоа колку и да си талентиран и да имаш идеи, денес буквално секој што има некоја нова идеја, финансии за добра опрема (затоа што YouTube веќе има одредени параметри и за квалитетот на видео материјалот) и секако желба и концепт за работа - може да работи.

Koi-se-najplatenite-jutjuberi-i-kako-dojdoa-do-milionski-zarabotki-01.jpg

Од детски емисии до занимливи видеа, од несекојдневни подвизи до видео игри. Издвојуваме неколку јутубери, кои од сопствените идеи и концепти успејаа да заработат и да се најдат на листата на милионери на Форбс.

Но, една работа треба да се забележи. Не секогаш износот на заработката е врзан со бројот на претплатници. Дополнително сите овие ѕвезди успеваат да заработат преку рекламирање на одредени производи, турнеи и слично. Во пресметките од 1-ви јуни 2019-тата до 1-ви јуни 2020-тата Форбс не ги вклучува давачките за данок, агенти, менаџери и адвокатски претставници.

Еве кои се најплатени јутјубери и како успеале да дојдат до милиони:

Рајан Каџи

Деветгодишниот Рајан Каџи три години по ред се наоѓа на првото место на најплатени јутјубери. Неговиот канал на Youtube, насловен Ryan’s world во моментов има 29,2 милиони претплатници, а Форбс пресметал дека во минатата година младиот инфлуенсер заработил 29,5 милиони долари.

rajan_kaji_2-630.jpg

Видеата што Рајан Каџи ги објавува често опфаќаат научни експерименти, семејни приказни и секако рецензии за играчки. Освен со видеата, Рајан заработува и преку лиценцирани договори со над 5.000 производи опфатени „во неговиот свет“, од декор за собата, до играчки, маски и сл.

Mr. Beast (Џими Доналдсон)

Џими Доналдсон или Mr.Beast е најновата ѕвезда на YouTube со околу 60 милиони претплатници. Неговата цел е двојно да ја зголеми оваа бројка. Инаку неговите видеа се мешавина од подвизи и хумористични ситуации.

Во изминатите видеа тој се замрзна во мраз, се извози на панорамско тркало 1.000 пати, ја изгради најголемата кула од Лего коцки, го изеде најголемото парче пица итн.

mr.beast-630.jpg

Како и да е, минатата година Форбс пресметал дека „Ѕверот“ заработил 24 милиони долари, со што се најде на второто место на најплатени јутјубери.

Dude Perfect

Веднаш зад Mr.Beast со 56 милиони претплатници (во моментов) се најде петорката позната како Dude Perfect. Според Форбс, минатата година, оваа петорка успеала да заработи 23 милиони долари.

dude-perfect-630.jpg

Зад името Dude Perfect стојат пет другари Коби Котон, Кори Котон, Герет Хилберт, Коди Џоунс и Тајлер Тони. Во видеата од забавен карактер можеме да ги видиме како се забавуваат со светлосни мечеви, пиштоли со стиропор и пеинтбол, а овие подвизи им обезбедија национална турнеја и документарен филм насловен Backstage Pass.

Со избувнувањето на светската пандемија минатата година групата во целост се прфрли на работа на YouTube каналот и почнаа да објавуваат видеа во коишто меѓусебно се натпреваруваат во баскет, или хокеј со столчиња со тркала. Серијалот видеа собра околу 160.000 долари, што Dude Perfect ги донираа во хуманитарни цели за Црвениот Крст и Feeding America.

Рет и Линк (Rhett and Link)

Со заработка од 20 милиони долари Рет и Линк се најдоа на четвртото место на листата на Форбс минатата година. Инаку нивното шоу насловено како Good Mythical Morning веќе речиси една деценија е застапено на YouTube (од 2012-тата година). Во февруари 2019-тата тие платија 10 милиони долари за да го откупат SMOSH (скеч-комичен YouTube канал).

ret_link-630.jpg

Со ова, компанијата Mythical Entertainment која има околу 100 вработени успеа да собере околу 2 милијарди прегледи на YouTube во изминатата година, со што заработија дополнителни 11 милиони долари од реклами. Освен тоа, шоуто има огромна листа на обожаватели што плаќаат од 10 до 20 долари за ексклузивни содржини.

Markpilier (Марк Фишбах)

Марк Фишбах или попознат како Markpilier е на YouTube цели девет години, а негова специјалност се ултра-популарните „поминувања“ на видео игри.

markpilier-630.jpg

Во моментов тој има 28,9 милиони претплатници, а за минатата година Форбс пресметал дека Марк заработил 19, 5 милиони долари.

Листата продолжува понатаму. На листата на јутјубери што заработиле милиони се најдоа и Preston Arsement со 19 милиони долари, шестгодишната Русинка Анастасија Радзинскаја или Nastya со 18,5 милиони долари, како и Blippi со скромни 17 милиони долари.

Овие приказни даваат надеж дека денес секој има еднакви шанси за успех, ако имате идеја, концепт и желба - почнете со снимање. Можеби и вие ќе се најдете на следната листа на милионери на Youtube.

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg