Ерогени зони на женското тело на кои многу мажи не обрнуваат внимание (18+)

Ерогена зона е секој дел од вашето тело што ве тера да се чувствувате сексуално возбудени кога ќе го допрете. Најочигледните ерогени зони се областите како што се вашите гениталии или брадавиците, но кои се другите? 

erogeni-zoni-na-zhenskoto-telo-na-koi-mnogu-mazhi-ne-obrnuvaat-vnimanie-01.jpg

Допирањето на некои делови од телото може да направи да се чувствувате возбудено. Можете да ги стимулирате овие ерогени зони, да истражувате нови чувства на задоволство на сопственото тело или да ги искористите заедно со вашиот партнер за да пробате нешто поинакво во спалната соба.

Постојат многу помалку познати ерогени зони на телото на жената кои можат да бидат исто толку пријатни ако не и повеќе. Дали знаевте дека и пазувите се сметаат за ерогени зони?

Ерогени зони на женското тело:

Скалпот

Mасирањето на скалпот може да биде одличен начин за опуштање. Но, исто така може да биде неверојатно пријатно, бидејќи скалпот е исполнет со нервни завршетоци кои можат да ја направат возбудата поголема.

За некој, нежно влечење за косата може да биде исто така возбудливо.

Внатрешоста на бедрата

Внатрешноста на бедрата често се занемарува во корист на поочигледните ерогени зони. Сепак, тие се полни со нервни завршетоци и можат да бидат неверојатно чувствителни.

Нежно галење или бакнување може да биде неверојатно еротско.

erogeni-zoni-na-zhenskoto-telo-na-koi-mnogu-mazhi-ne-obrnuvaat-vnimanie-03.jpg

Стапалата

Многу луѓе имаат фетиш на стапалата, но дури и ако не го имате, стапалата можат да бидат неверојатно чувствителни.

Масирањето на стапалата или бакнување на прстите може да биде навистина пријатно и секси.

Долниот дел на грбот

Долниот дел на грбот често се занемарува, но блага масажа или лесен допир може да ја направи возбудата во спалната одлична. Најдобро би било да започнете со допирите од вратот и да се движите надолу.

erogeni-zoni-na-zhenskoto-telo-na-koi-mnogu-mazhi-ne-obrnuvaat-vnimanie-04_copy.jpg

Зглобовите на рацете

Зглобовите се уште една занемарена ерогена зона. Бакнувањето или грицкањето на зглобот може да биде неверојатно возбудливо, како и нежното галење на кожата.

Стомакот

Стомакот е високо чувствителна област, а ако личноста е скокотлива, тогаш нежното бакнување навистина е нешто што не треба да го прескокнете.

erogeni-zoni-na-zhenskoto-telo-na-koi-mnogu-mazhi-ne-obrnuvaat-vnimanie-02.jpg

Пазувите

Некои луѓе веруваат дека пазувите се ерогена зона бидејќи тие може да лачат феромони, но за ова сè уште се дебатираФеромоните се честички кои предизвикуваат промена на хормоните и чувство на возбуда кога ги мирисате. 

Иако можеби звучи чудно, тоа значи дека мирисот на пазувите на вашиот партнер може да биде возбудлив. Допирањето на пазувите исто така може да биде исклучително стимулативно.

M. Г. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
6 причини зошто не можете да си најдете девојка, дури и кога сакате сериозна врска Не водите никаква грижа за изгледот и се однесувате арогантно – кои се најчестит...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Бизарни љубовни совети за да се омажите од 90-тите (кои ѝ помогнале на Викторија Бекам да го „улови“... „Ставете кармин дури и кога одите на трчање. Ако имате голем нос, оперирајте го“...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg