Срам од своето тело во 20-тите, врв на задоволство во 40-тите: Како изгледа сексот во различни периоди од животот?

Сексот станува подобар со времето. Во 20-тите постои најголема веројатност да пробате секс во тројка, а во средината на 40-тите години, жената го доживува врвот на сексуалното уживање, тврди сексологот и гуру за врски Трејси Кокс.

seksot-po-decenii-vo-20-tite-eksperimentirame-po-30-tata-stanuva-vozbudliv-na-40-se-sluchuva-presvrt-no-kakov-e-po-50-tata-godina-01.jpg

Сексологот Трејси Кокс (58) неодамна ја објави книгата Great Sex Starts At 50 во која пишува каков бил нејзиниот сексуален живот во различни фази од животот, колку се менува сексот по децении, но и како можете да уживате во него, без оглед на која возраст сте.

Нејзината книга предизвика многу реакции и позитивни коментари, особено од жени кои се во своите 50-ти и веќе поминале низ истите фази.

Што пишува Трејси Кокс во својата книга?

Дваесеттите се за експериментирање

„Ова се години во кои се измешани слободата и несигурноста. Во моите 20-ти ја раскинав свршувачката со момче со кое се свршив на својот 21 роденден. Иако решив да бидам сама, имав силен сексуален нагон и многу фантазии, но не си ги исполнив.

Ова е време кога повеќето луѓе се расположени за секс во тројка, секс со личност од истиот пол и многу секс без обврски.

Но, на таа возраст повеќе сме фокусирани на изгледот, а помалку на задоволството“, вели Трејси.

Таа препорачува секој да си постави свои правила и да не оди против себе и она што му се допаѓа.

Триесеттите се возбудливи и исцрпувачки

„Се омажив за мојот прв сопруг во раните триесетти. Тоа беше мојата прва средба со долга и моногамна врска. Го сакав својот сопруг, но не ми се допадна тоа што нашата иднина беше однапред одредена, а мислата дека никогаш повеќе нема да спијам со други мажи ме плашеше.

Се разведов и амбициозно ѝ се посветив на кариерата. Во 30-тите паровите ја доживуваат најголемата сексуална закана - децата.

Но, повеќето на оваа возраст се самоуверени и подобро го познаваат своето тело. Иако некои жени се мачат да доживеат оргазам во своите 20-ти години, повеќето полесно кулминираат во 30-тите затоа што се поискусни и подготвени да побараат од партнерот да ги задоволи.

Партнерите не читаат мисли. Кажете им што ви се допаѓа, што не. И престанете да жалите за сексот што сте го имале на почетокот на врската. Телата не се создадени да останат во таа страсна фаза наполнета со хормони. Не е работа на вашиот партнер да ве расположи за секс, туку ваша. Затоа, заведувајте го.

Многу парови во првите две години од животот на детето воопшто не практикуваат секс и тоа е нормално. Договорете се дека ќе направите пауза и никој нема да полуди мислејќи дека тоа е трајна одлука“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

За каков секс фантазира секој хороскопски знак? (18+) Скорпиите сакаат сензуални допири. Но и врзани очи, за да го откриваат вашето те...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Бон-тон правила во сексот што секоја културна жена треба да ги знае (18+) По сексот секогаш бидете подготвени да си заминете, освен ако партнерот не ви ка...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg