„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“
„Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот управувач за да гледаме серија во петок вечер и тогаш се сетив како ми изгледаа петоците порано и сфатив дека ми недостасува возбудата од излегувањето на состаноци...“

Лара Родвел од Велика Британија е авторка во магазинот Metro. Таа вели дека веќе 3 и пол години е во среќна и стабилна врска, но чувствува дека ѝ недостига искрата од состанувањето со нови луѓе.
Нејзината исповед гласи:
„Завиткана на каучот со голема чинија тестенини и партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот управувач за да гледаме серија и епизода од едно ријалити шоу.
Тоа беше една петочна ноќ со мојот партнер, Бен* (името е сменето), по врска од 3.5 години.
Тогаш ненадејно ми се вратија спомените за тоа како ги поминував моите петоци порано... Спомените за хаотичните вечери, со пеперутки во стомакот, додека одев на први состаноци.
Токму во тој момент сфатив дека ми недостасува возбудата на излегувањето на состаноци.

Не сакам да ме разберете погрешно, Бен е прекрасен. Тој е внимателен, верен, стабилен, љубезен и многу го сакам.
Но, си жалам за мојот поранешен живот, ми се допаѓаше самото излегување, но и ритуалите кои го придружуваа.
Потоа и оние групни разговори со пријателките за да го анализираме новиот дечко или за планирање каква облека да носам за наредниот состанок. Таа возбуда, женскиот ентузијазам.
Сето тоа додаваше боја на секојдневието. Се сеќавам на еден состанок каде едноставен пијалак се претвори во гледање на ѕвезди на пристаниште, додека зборувавме за животот и универзумот.

Секој состанок носеше пеперутки – дали ќе му се допаднам, дали ќе има привлечност, дали ќе има искра?
Се разбира, имаше и многу негативни страни на состаноците. Бев оставена „без одговор“ повеќепати отколку што можам да ги избројам, а имаше и одбивања.
Страдав и кога лесно дозволував мојата фантазија да се развие со идејата за заедничка иднина. Моите надежи секогаш ја надминуваа реалноста.

Потоа го сретнав Бен во 2022 година, кога имав 23 години.
Од самиот почеток, беше поинаку. Безбедно, да, но сè уште возбудливо на начин како што секогаш е при новите почетоци.
Заедно истражувавме, излегувавме, си разменувавме приказни за нашето детство, додека постепено градевме нешто цврсто.
Но, некаде по шест месеци, непосредно по нашето прво патување во Шпанија заедно, забележав дека возбудата исчезнува.
