„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“

Едноставно веќе се познаваме премногу добро и не беше возбудливо како на почетокот.

Мистеријата ја замени нешто познато.

jas-sum-vo-srekjna-vrska-no-mi-nedostiga-vozbudata-na-sostanuvanjeto-03.jpg

Не го споделив ова со Бен тогаш, затоа што предностите го надминуваа негативниот аспект.

Сакав да бидам во сигурна и среќна врска и со него го живеев мојот сон.

Сега, три и пол години по стапувањето во врска, сè уште ми недостасува адреналинот кој го носеше излегувањето на состаноци. Таа возбуда од можностите.

Тоа го споредувам со јадење здрава храна долго време и кога изненадно добивате силна желба за шеќер. Знаете дека не е добро на долг рок, но понекогаш едноставно го сакате тој забавен момент.

Изгледав многу подкасти за врски и имав разговори со пријателки и сфатив дека недостигот од возбуда е нормална и тоа не значи дека вашата врска е нарушена.

Дури и моите пријателки ми признаа дека се чувствуваат исто.

Често тоа е обвивено со срам, како да тоа што ви недостига енергијата од излегувањата значи дека не сте благодарни или дека емоционално сте го изневериле партнерот.

Но, не е така!

jas-sum-vo-srekjna-vrska-no-mi-nedostiga-vozbudata-na-sostanuvanjeto-06.jpg

Врските,  без разлика колку и да се прекрасни, не треба да ги исполнуваат сите ваши потреби.

Ако чувствувате потреба за нешто, прашајте се: дали тоа е поврзано со врската? Или е поврзано со мене?

За мене, лекот би бил да најдам начини да внесам повеќе забава и спонтаност во нашите рутини.

Понекогаш тоа е толку мало нешто како што е замена на нашата вообичаена домашна вечера со земање храна за носење. Или да отидеме во кино, наместо да гледаме Нетфликс дома.

Ако ви недостасуваат пеперутките, можеби е време да планирате излегување.

Клучот е да не ја обвинувате врската, туку да ја разбудите.

jas-sum-vo-srekjna-vrska-no-mi-nedostiga-vozbudata-na-sostanuvanjeto-07.jpg

Ако ви недостасуваат пеперутките, можеби е време да пробате нешто сосема ново заедно – курс по керамика, вечер на салса, нов ресторан.

Не мора да биде големо. Само треба да биде различно.

А ако вашиот партнер не е за тоа, направете го за себе.

Резервирајте си соло вечер во ресторан, пробајте нов рецепт или прошетајте низ галерија. Додадете малку зачин на вашиот живот.

Недостигот од возбуда не е закана за вашата врска, тоа е аларм за потреба од разговор, промена и истражување. Да додадете малку новитет во вашиот живот.

И најдобрата работа?

Не треба да се откажете од безбедноста и сигурноста на љубовта за да ја добиете таа искра повторно. Само треба, заедно или самостојно, да испланирате нешто ново, надвор од рутината“.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg