„Мојот љубовник вели дека уште не може да ја остави жена му и детето за мене, дали е искрен?“

„Имам афера веќе три месеци со колега, кој е во брак и има двегодишно дете... Вели дека ќе ја остави, но не сега“. Советот од психологот на магазинот „Guardian“ за оваа млада жена гласи: „Тој најверојатно нема да го остави своето ‘здодевно’ семејство, а ти (засекогаш) ќе останеш неговата возбудлива љубовница“.

mojot-ljubovnik-veli-deka-ushte-ne-mozhe-da-ja-ostavi-zhena-mu-i-deteto-za-mene-dali-e-iskren-01.jpg

Читателка на магазинот „Guardian“ сподели искрена исповед за нејзината афера со женет маж и за сите прашања кои ја мачат во врска со тоа.

Таа откри дека се чувствува лошо и побара совет од ескпертот за врски Аналиса Барбиери, кој работи за овој магазин.

Нејзината исповед гласи:

„Имам афера веќе три месеци со колега, кој е во брак и има двегодишно дете.

Никогаш не мислев дека ќе стигнеме до тука, но почнавме да се гледаме често и развивме чувства еден кон друг.

На почетокот бев свесна дека мажите речиси никогаш не ја напуштаат сопругата поради љубовницата, но со текот на времето почнав навистина да гледам колку силни чувства има за мене, а и јас за него.

Вели дека постојано мисли на мене, дека му недостасувам, дека не може да ужива во домот повеќе и само сака да биде со мене.


Конечно зборувавме отворено пред неколку дена и ми кажа дека не може да ја напушти сопругата сега бидејќи сме заедно премалку време (а тие се заедно 11 години).

Вели дека му е здодевно со неа и дека сака да биде со мене, но не може да ја напушти ниту ќерката. (Јас му кажав јасно дека никогаш не би барала да се откаже од неа.)

Свесна сум дека ова се типични работи што мажите ги велат кога имаат афера, но тој ми изгледа искрен...

Немам чувствувано нешто вакво долго време, но фактот дека смета дека три месеци се премалку за да донесе одлука и дека би останал во несреќен брак, наместо да се соочи со реалноста, ме тера да мислам дека не е искрен со мене.

Што да правам?“

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg