„Мојот љубовник вели дека уште не може да ја остави жена му и детето за мене, дали е искрен?“

mojot-ljubovnik-veli-deka-ushte-ne-mozhe-da-ja-ostavi-zhena-mu-i-deteto-za-mene-dali-e-iskren-03.jpg

Советот од експертот Аналиса Барбиери:

„Всушност, мислам дека тоа што вели дека не ве познава доволно долго, иако логиката е чудна, можеби е најискреното нешто.

Мислам дека останатото покажува некаква заблуда – и кај него и кај тебе.

Иако секогаш има исклучоци, но искуството ме има научено да внимавам како луѓето влегуваат во врски – бидејќи често така и излегуваат од нив (во овој случај, започнувајќи друга афера).

На почетокот си знаела дека е авантура и навистина ме интересира: 'Што сакаш да постигнеш со тоа? Дали сакаш само малку возбуда?

Те привлекол маж за кој си знаела дека не е достапен, што ме тера да се прашувам за твојата емоционална достапност, бидејќи не звучи како тој да ја криел својата недостапност.

Ова е важно затоа што често, но не секогаш, луѓето избираат емоционално недостапни партнери (свесно или не), па можеби проблемот е во тебе.

Вашето време заедно изгледа поинаку од вистинскиот, секојдневен, здодевен живот, па нормално е да му изгледа подобро од неговиот брак. 

Но, ако тој ја напушти сопругата, ова нема да стане поедноставно – туку многу покомплицирано. Ќе се соочуваш со неговата огорчена поранешна сопруга и ќе бидеш маќеа на мало дете.

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg