Видови контрацепција: Што е најефикасно + кои се предностите и недостатоците?

Цервикална капа

Цервикалната капа изгледа слично како дијафрагмата, но е помала. Го покрива грлото на матката и на тој начин го спречува продирањето на семената течност. Како и дијафрагмата, се користи со спермицид и се отстранува најмалку шест часа по сексуалниот однос.

Предности на овој метод: За разлика од дијафрагмата, цервикалната капа може да остане во вагината и неколку дена по половиот однос. Погодна е за жени кои од анатомски причини не можат да користа дијафрагма.

Недостатоци на овој метод: Може да се лизне за време на половиот однос и тогаш не делува како добра заштита од несакана бременост. Исто така не штити од сексуално преносливи болести.

vidovi-kontracepcija-i-na-shto-treba-da-obrnete-vnimanie-koga-gi-koristite-ovie-sredstva-prednosti-i-nedostatoci-06.jpg

Хемиски методи на контрацепција

Спермицидите се слаб метод на контрацепција, доколку се користат сами. Најчесто се користат како додаток на механичките средства (кондом, дијафрагма, цервикална капа) и потоа ја зголемуваат нивната ефикасност. Тие доаѓаат во форма на разни кремови, гелови, пена или апчиња за контрацепција.

Се ставаат во вагината непосредно пред сексуалниот однос, најчесто со посебен апликатор. Таму се претвораат во густа смеса која механички го спречува навлегувањето на сперматозоидите, но и ги онеспособува поради хемиските активни супстанции кои ги содржат во себе.

Предности на овој метод: Спермицидите може да послужат како дополнителна заштита покрај механичките средства. Лесни се за употреба, а можат да ја зголемат и хидратацијата на вагината.

Недостатоци на овој метод: Тие не се ефикасни ако се користат сами. Може да предизвикаат иритација, па затоа не се препорачува нивна честа употреба. Исто така, не штитат од сексуално преносливи болести.

vidovi-kontracepcija-i-na-shto-treba-da-obrnete-vnimanie-koga-gi-koristite-ovie-sredstva-prednosti-i-nedostatoci-07.jpg

Интраутерина контрацепција (спирала)

Интраутерината контрацепција вклучува поставување на спирала со цел да се спречи несакана бременост. Тоа е метод кој вообичаено трае подолго, најчесто од 3 до 5 години. Интраутерината направа е мал метален или пластичен уред, во форма на буквата Т, кој се вметнува во слузницата на матката.

Најкористени видови се бакарната и хормоналната спирала. Бакарната спирала е обложена со бакар, а хормонската спирала ослободува прогестоген, кој ја згуснува цервикалната слуз и ја разредува слузницата на ендометриумот, па на тој начин обезбедува дополнителна заштита.

Предности на овој метод: Интраутерината контрацепција е ефективен метод за спречување на бременоста. Станува збор за реверзибилен метод, што значи дека жената ја има нормалната плодност откако ќе ја извади спиралата. Тоа трае неколку години, во зависност од видот, што значи дека во овој период жената не мора да се грижи за дополнителни мерки за заштита од бременост.

Недостатоци на овој метод: Пред поставување на спиралата, жената треба да подлежи на гинеколошки преглед, бидејќи постојат некои состојби кои не дозволуваат нејзина употреба, како што е невообичаено крвавење, инфекции, недобар ПАП тест и слично.

Самата спирала не го зголемува ризикот од инфекции, но, ако добиете сексуално пренослива инфекција додека имате спирала, таа може да го забрза нејзиното ширење до матката и јајцеводите. На почетокот на користење на спиралата, може да имате пообилни и подолги менструации. Овој метод не штити од сексуално преносливи болести.

vidovi-kontracepcija-i-na-shto-treba-da-obrnete-vnimanie-koga-gi-koristite-ovie-sredstva-prednosti-i-nedostatoci-08.jpg

Стерилизација

Стерилизацијата е траен метод на контрацепција, а најчесто се применува кога личноста ќе одлучи дека повеќе не сака да го проширува семејството или ако има некои медицински индикации. Кај жените, стерилизацијата се прави со „врзување“ или сечење на јајцеводите, со што се спречува средбата на сперматозоидите и јајце клетките.

Кај мажите, стерилизацијата (вазектомија) се врши со подврзување на семеводниците, а последица од тоа е што ејакулатот на мажот повеќе не содржи сперматозоиди.

Предности на овој метод: Имајќи предвид дека стерилизацијата е траен метод на контрацепција, повеќе не е неопходно да се користат дополнителни методи за заштита од несакана бременост.

Недостатоци на овој метод: Стерилизацијата е трајна и тоа претставува проблем ако жената или мажот се предомислат да имаат деца во иднина. Со оглед на тоа дека овој метод вклучува хируршка интервенција, може да се појават компликации, иако тие се многу ретки.

vidovi-kontracepcija-i-na-shto-treba-da-obrnete-vnimanie-koga-gi-koristite-ovie-sredstva-prednosti-i-nedostatoci-09.jpg

Па, секој метод на контрацепција има свои предности и недостатоци, а на вас останува да процените која опција ќе биде најдобра, земајќи го предвид начинот на живот и желбите кои ги имате.

Како и да е, секогаш имајте на ум дека треба да се советувате со вашиот гинеколог кој ќе ви помогне да ја изберете најдобрата опција за вас и вашиот партнер.

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com



Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, македонски сексолог одговара: „Се шири ли вагината од премногу секс?“ Дали вагината се проширува и партнерот може да почувствува разлика кај вагината ...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...
Какви сте во кревет според начинот на којшто пишувате пораки? (18+) Ако често користите емотикони, најверојатно сте гласни во кревет и секогаш му ка...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Три секс пози со лисици за поголема возбуда на партнерите (18+) Дури и секојдневните секс пози можат да бидат возбудливи, ако со партнерот одлуч...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg