Видови контрацепција: Што е најефикасно + кои се предностите и недостатоците?

Кондоми, таблети, спирала... Денес постојат многу видови контрацепција, но што треба да знаете пред да го направите вашиот избор?

vidovi-kontracepcija-i-na-shto-treba-da-obrnete-vnimanie-koga-gi-koristite-ovie-sredstva-prednosti-i-nedostatoci-01.jpg

Поимот контрацепција ги опфаќа сите средства и методи кои го спречуваат зачнувањето, односно бременоста. Во денешно време достапни се различни методи на контрацепција.

Тие се разликуваат во однос на ефективноста која ја нудат, сигурноста, безбедноста, достапноста и начинот на употреба.

Изборот на најсоодветниот метод не е секогаш лесен, а на жените честопати им недостасуваат точни и суштински информации кои ќе им помогнат да ја донесат правилната одлука.

Во продолжение ви пренесуваме сè што треба да знаете за различните и најзастапени видови контрацепција, нивниот начин на дејствување, карактеристиките, како и предностите и недостатоците од нивното користење.

Кои методи на контрацепција постојат?

Кондоми

Кондомот е еден од најкористените методи на контрацепција во светот. Најчесто е направен од латекс или пластичен материјал, а е наменет за употреба кај мажи.

За време на сексуалниот однос, кондомот спречува допир на слузокожата на вагината и пенисот, а при ејакулација ја задржува семената течност и го спречува нејзиното навлегување во вагината.

Има висока ефикасност, но важно е да се користи правилно.

Предности на овој метод: Најважната предност која ја нуди користењето на кондомите како метод на контрацепција е заштита од сексуално преносливи болести. Покрај тоа, лесен е за користење и е лесно достапен.

Недостатоци на овој метод: Доколку не се користи правилно, кондомот може да се извади или да пукне, а тогаш е зголемен ризикот од несакана бременост. Освен тоа, иако е поретко, некои луѓе се алергични на латекс.

vidovi-kontracepcija-i-na-shto-treba-da-obrnete-vnimanie-koga-gi-koristite-ovie-sredstva-prednosti-i-nedostatoci-02.jpg

Женски кондом (фемидом)

Фемидом е ретко користен метод на контрацепција, иако е многу ефикасен во заштита од несакана бременост. Како и машкиот кондом, фемидомот штити од сексуално преносливи болести.

Направен е како кеса од тенка пластика, а има прстени на двата краја. Едниот од нив се става во вагината и служи за задржување на кондомот на место, а другиот се става надвор на срамните усни.

Предности на овој метод: Овој метод на контрацепција штити од сексуално преносливи болести, бидејќи спречува директен контакт помеѓу вагината и пенисот. Изработен е од полиуретан, па може да го користат и личности алергични на латекс. Дополнително, може да се вметне во вагината до осум часа пред сексуалниот однос, а не мора да се отстранува ни веднаш по завршувањето.

Недостатоци на овој метод: Некои жени сметаат дека користењето на овој метод е непрактично и многу комплицирано. Дополнително, овој вид кондоми не се широко достапни и се поскапи во однос на машките.

vidovi-kontracepcija-i-na-shto-treba-da-obrnete-vnimanie-koga-gi-koristite-ovie-sredstva-prednosti-i-nedostatoci-03.jpg

Таблети за контрацепција

Таблетите за контрацепција всушност содржат вештачка форма на женските хормони естроген и прогестерон.

Кога менструацијата е редовна и со нормално крвавење, контрацептивните таблети почнуваат да се користат од првиот ден на менструацијата и тогаш заштитата е присутна од првиот ден. Со нивна употреба може да се започне кој било друг ден од менструалниот циклус, но потоа во следните две недели треба да се користи дополнителна заштита од несакана бременост.

Таблетите треба да се земаат секој ден во приближно исто време, со толеранција до околу шест часа.

Предности на овој метод: Позитивната страна е тоа што таблетите за контрацепција нудат реверзибилна заштита, што значи дека жената кога ќе одлучи дека сака да забремени, престанува да ги користи апчињата. Повеќето жени овулираат во рок од две недели по прекинот на користење на таблетите. Секако, ова е индивидуално затоа што понекогаш се потребни неколку месеци за да се врати нормалниот циклус.

Недостаток од овој метод: Некои жени чувствуваат гадење или зголемена чувствителност во градите. Повеќето од тие симптоми ќе исчезнат во рок од 3 месеци од почетокот на користење на таблетите. Исто така недостаток е тоа што секојдневно треба да се зема таблетата, при што доколку се заборава, може да дојде до несакана бременост.

vidovi-kontracepcija-i-na-shto-treba-da-obrnete-vnimanie-koga-gi-koristite-ovie-sredstva-prednosti-i-nedostatoci-04.jpg

Дијафрагма

Дијафрагмата е уште еден метод на контрацепција, но тој е целосно ефикасен само ако се користи со спермициди. Се состои од еластичен прстен над кој е поставена гумена мембрана. Се става во вагината пред сексуален однос, а пред да се стави на него треба да се нанесе спермициден гел или крем. Дијафрагмата го спречува влегувањето на сперматозоидите со тоа што создава физичка бариера за нив.

Предности на овој метод: Дијафрагмата може да се користи повеќе пати, за разлика од кондомите кои се за еднократна употреба. Ја има во повеќе облици и големини, така што секоја жена може да ја најде добрата опција за себе. Ако се користи правилно, многу е ефикасна во заштита од несакана бременост.

Недостатоци на овој метод: Дијафрагмата мора да остане во вагината најмалку 6-8 часа по сексуалниот однос. Мора да се користи заедно со спермициди, а тоа понекогаш може да биде непрактично. Спермицидните кремови може да предизвикаат алергиска реакција, а овој метод на контрацепција не штити од сексуално преносливи болести.

vidovi-kontracepcija-i-na-shto-treba-da-obrnete-vnimanie-koga-gi-koristite-ovie-sredstva-prednosti-i-nedostatoci-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, македонски сексолог одговара: „Се шири ли вагината од премногу секс?“ Дали вагината се проширува и партнерот може да почувствува разлика кај вагината ...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...
Какви сте во кревет според начинот на којшто пишувате пораки? (18+) Ако често користите емотикони, најверојатно сте гласни во кревет и секогаш му ка...
Вие прашувате, македонски сексолог одговара: „Зошто партнерот не сака да има секс со мене откако се ... Дали желбата за секс по породувањето кај партнерот може да опадне затоа што тој ...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Три секс пози со лисици за поголема возбуда на партнерите (18+) Дури и секојдневните секс пози можат да бидат возбудливи, ако со партнерот одлуч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg