Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат односи со нив“

„Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите мои пријателки се жалат на тоа дека нивните сопрузи не водат сметка за личната хигиена“. Со овие зборови, накратко може да се сумира најновиот текст на познатата колумнистка Јана Хокинг.

seks-kolumnistka-so-kritiki-do-mazhite-ne-se-banjaat-pa-posle-se-chudat-zoshto-soprugite-ne-sakaat-seks-so-niv-01.jpg

Јана Хокинг е секс колумнистка која често пишува текстови инспирирани од нејзиниот приватен живот, а во кои со читателките ги споделува своите тајни и сознанија за љубовниот живот.

Таа пишува за најновите трендови во светот, ги испробува триковите за кои девојките тврдат дека им помогнале да го „уловат“ мажот од соништата и секоја недела води час за исповедање на нејзиниот Инстаграм профил, кој е наречен Saucy Secrets Confessional.

seks-kolumnistka-so-kritiki-do-mazhite-ne-se-banjaat-pa-posle-se-chudat-zoshto-soprugite-ne-sakaat-seks-so-niv-02.jpg

Овој пат таа објави колумна во која откри за што најчесто ѝ се жалат мажите во брак и која е најчестата причина заради која одлучуваат да изневеруваат.

„Истата дилема се појавува повторно и повторно од голем број мажи, кои се жалат на истиот проблем.

Тие се чувствуваат фрустрирани затоа што нивните партнерки не сакаат да имаат орален секс со нив.

Да, вистина е. Има голем број бракови во кои партнерите немаат орален секс, а мажите признаваат дека изневеруваат за да си ги задоволат тие потреби на друго место, или пак размислуваат за тоа, а оправдувањето е следно: ‘Кога таа не сака да ми даде, има други што сакаат!’“ – вели Јана.

seks-kolumnistka-so-kritiki-do-mazhite-ne-se-banjaat-pa-posle-se-chudat-zoshto-soprugite-ne-sakaat-seks-so-niv-03.jpg

Но, наместо да ги обвинува партнерките и да застане во одбрана на мажите кои ѝ ги пишуваат пораките, Јана им порача дека треба причините прво да ги побараат во себе.

„Дали сте завршиле сѐ околу домот? Дали сте ѝ помогнале? Дали некогаш сте ги зеле децата за да ѝ овозможите одмор на партнерката?

На жените им треба многу повеќе од тоа некој само да ги удри по задникот и да им рече: ‘Ќе ми дадеш ма...?’ за да бидат расположени за секс“ – нагласува таа.

seks-kolumnistka-so-kritiki-do-mazhite-ne-se-banjaat-pa-posle-se-chudat-zoshto-soprugite-ne-sakaat-seks-so-niv-04.jpg

Таа ја споделува приказната на нејзината пријателка која и во бракот се трудела да се одржува во топ форма, а нејзиниот сопруг целосно се запуштил.

„Во минатото таа веднаш се соблекуваше, а сега се прашува дали се истуширал пред да си легне во креветот.

Тој работи како градежен работник и самата помисла дека цел ден бил на сонце и си дошол дома и очекува акција додека сѐ уште ја носи истата долна облека, е едноставно одвратна“ – вели Јана.

seks-kolumnistka-so-kritiki-do-mazhite-ne-se-banjaat-pa-posle-se-chudat-zoshto-soprugite-ne-sakaat-seks-so-niv-05.jpg

Таа ја раскажа приказната и на друга пријателка која постојано се жалела дека сопругот воопшто не води сметка за личната хигиена и дека од помислата за интимен однос ѝ се гади.

„Затоа другари, мислам дека е време да дојдете до заклучокот дека вие сте главниот проблем“ – порачува колумнистката.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава