„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“
„Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по неговото чело. Веќе имавме секс во иста положба речиси 30 минути, а тој изгледаше исцрпено и подготвен да се откаже... И не беше само тој“, ја почнува својата искрена исповед Алмара Абгаријан од Велика Британија.
Алмара Абгаријан (десно)
Алмара Абгаријан е британска новинарка, писателка и колумнистка со ерменско потекло. Таа пишува за теми поврзани со секс и врски за магазинот Metro.
Сега, таа споделува искуство на тема што кога партнерот не успева да постигне оргазам.
Нејзината исповед:
„Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по неговото чело.
Веќе имавме секс во иста положба речиси 30 минути, а тој изгледаше исцрпено и подготвен да се откаже... И не беше само тој.
Но, не сакав јас да бидам таа што ќе се откаже, па стрпливо чекав додека конечно и самиот не го призна тоа што и двајцата го знаевме - оргазмот нема да дојде.
Пробав многу различни работи за да му помогнам да доживее оргазам – орален секс, заедничка мастурбација и разни позиции, но ништо не успеа.
Можеби ќе помислите дека ова е криза - момент за сериозо размислување за ситуацијата. Но, ние се познававме подолго време и не се вознемиривме.
„Не се секирај“, му реков, додавајќи: „Следниот пат“.
„Оргазмот не мора да биде крајната цел“.

Денес, знам дека не треба да го сфатам лично ако мажот не може да доживее оргазам.
И тоа е пораката што сакам мажите и жените да ја разберат – не е голема работа ако некој не „доживее кулминација“ секој пат.
Иако постои разлика меѓу оргазмите меѓу половите, односно жените доживуваат значително помалку оргазми за време на секс, вистина е и дека мажите, исто така, понекогаш се мачат да стигнат до врвот.
Причините се многубројни: стрес, несакани ефекти од лекови итн.
Но, во моите рани 20-ти, не бев толку информирана.
Бев во интимна врска со еден маж тогаш. Висок, силен, со издржливост каква што дотогаш не сум искусила.
