„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“

Но, постоеше еден проблем - му требаше многу време да доживее оргазам, ако воопшто го доживееше.

Не го осудувам мојот поранешен љубовник, но морам да кажам дека часовите секс започнуваа да стануваат физички непријатни за мене.

Бидејќи бевме млади и врската беше нова, не разговаравме многу отворено за тоа.

ponekogash-partnerot-ne-uspeva-da-dozhivee-orgazam-dali-problemot-e-vo-mene-03.jpg

Но, тој свесно ми рече: „Секогаш било така кај мене, ми треба повеќе време од повеќето мажи...“

Фактот што тој беше толку опуштен и прифаќаше дека не мора секој пат да има ејакулација ми помогна и мене да се релаксирам.

Понекогаш имаше оргазам, понекогаш не, но тоа не ни пречеше да имаме добар секс.

Но, има мажи кои стануваат вознемирени ако им споменете за потешкотиите со оргазмот – дури и кога јасно ќе им кажете дека сексот бил одличен.

Затоа избегнувајте реченици како: „Зошто не можеш да свршиш?“ или „Сигурно е до мене?“

Запомнете дека за нив може да биде фрустрирачки ако се трудат и не доаѓа резултатот, но запомнете: Некои луѓе, вклучително и мажите, едноставно уживаат во сензациите на сексот и тоа им е доволно.

И што е уште поважно - не претпоставувајте зошто некој не доживува оргазам.

Може да станува за стрес од работа, физичка исцрпеност, психичка расеаност и што уште не.

Понекогаш само вие да доживеете оргазам, може на партнерот да му донесе задоволство како да доживеал и тој.

Другпат сосема е во ред да имате само бавен секс за интимност и поврзување.

И иако сум самоуверена во себе и во нашата сексуална врска, понекогаш и јас се прашувам: дали направив доволно?

И кога ми доаѓа таква мисла, секогаш правам едно нешто – го прашувам партнерот за потврда.

И тој секогаш ми кажува тоа што веќе го знам: неговата одлука да не брка оргазам по секоја цена нема никаква врска со моите вештини или привлечност.

Поентата?

Сексуалноста не е трка со крајна линија.

Оргазмот не мора секогаш да биде целта. Понекогаш, самото поврзување, чувствата и блискоста се поважни.

Затоа, не се оптоварувајте – уживајте во сексуалниот живот, без оглед на резултатот“.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
„Мaж ми се опседна со спорт - ме запоставува и мене и децата, тоа ни го уништува бракот“ „Нервозна сум... Таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg