Неговиот невозможен пријател

negoviotСаканата личност може да биде супер, но истовремено да има некои пријатели...

...кои воопшто не ви се допаѓаат, ниту пак се однесуваат кон вас како што треба. Еве неколку примери.

1. Неговиот пријател ве мува и тоа отворено. Пред вашето момче со вас флертува нешто поблаго, но интензитетот се зголемува кога вашето момче не гледа, а сосема е можно да побара и нешто поконкретно кога вашето момче ке се оддалечи.
Што со таков пријател? Задолжително кажете му на вашето момче за однесувањето на неговиот пријател, подобро така отколку попрво да ја чуе неговата искривена верзија. Вашето момче секако знае каков е неговиот пријател, па би требало да го посоветува да ве остави на мира. Доколку тоа не го стори, дефинитивно тој не е правиот за вас.

2. Пријателот се „залепил“ за вас. Тој пријател не ве мува, дури и не се обидува било што од тоа, само смета дека е нормално константно да „виси“ со вас двајца, повикан или не.
Тој пријател на вашето момче можеби и не е воопшто лош, но вие сакате да бидете насамо со вашето момче. Што да сторите?
Кажете му на момчето без навредливи зборови дека сакате да бидете вие двајца малку и сами. Ако излезе дека вашето момче не е способно да се одвои од својот пријател ни на неколку часа, оставете ги среќно да глумат сијамски близнаци и побарајте момче кое ќе ужива во тоа да биде насамо со вас.

Би можело да ве интересира:

Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава