Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 најсекси машки професии

10-najseksi-maski-profesii

Во денешно време, кога парите станаа најважната работа на светот, најпопуларното занимање секако би било претприемач.

Но ние на кратко ќе се тргнеме од површните доживувања за машкоста и ќе издвоиме 10 занимања кои жените ги доживуваат како најсекси.

10. Фитнес тренер

Часовите поминати во теретана резултираат со извајани тела кои жените ги забележуваат и сакаат да ги гледаат со насмевка на лицето.

9. Готвач

Освен што љубовта влегува преку желудникот, а вистинската храна може да разбуди страст, ваквиот маж ќе ве тргне од шпоретот и ќе ви овозможи готова, подготвена романтична вечера од соништата.

8. Шоу-бизнис

Актерите и пејачите се предмет на мечтаење на жените во целиот свет. Било да сонувате за нежна душа, лошо момче или сиров снагатор, во оваа категорија има простор за сечиј вкус, а велат дека сите актери се многу интересни и интелигентни соговорници.

7. Градинар

Младиот градинар со сончано тело и силни машки раце е сон на секоја жена. Дали за тоа се одговорни филмовите во кои богатите жени чезнат по згодните момчиња кои го одржуваат нивниот дом, или едноставно самата глетка ја буди и воспалува мечтата, ќе ви оставиме вам да размислите.

6. Адвокат

За адвокатите се важни поимите успех, интелигенција и сигурност кои во комбинација со елегантниот костум, уредната брада и фризура, но и дебелиот паричник оваа професија ја става на цврста позиција.

5. Лекар

Униформите секогаш биле плод на женската мечта и до ден денес тоа останало така. Господата во бели мантили симболизираат контрола и моќ што понекогаш на жените им е многу поважно од самиот физички изглед.

4. Пожарникар

Оваа професија од памтивек ги измамува женските воздишки. Силен, испотен маж кој може да ве заштити е глетка која е присутна во речиси секоја женска фантазија.

3. Полицаец

Чуварите на редот, особено специјалните единици се чест избор на жените кои покрај авторитетот ќе се чувствуваат сигурно и заштитено. Иако во дваесет и првиот век жените сакаат самостојност, повеќето ќе се согласат дека понекогаш е убаво да знаете дека некој ве заштитува.

2. Спорт

Спортистите, нивното мускулесто тело и мотото во здраво тело, здрав дух, за многумина е неодоливо. Уште ако станува збор за фудбалери или за нивните подебели банкарски сметки, на фантазиите им нема крај.

1. Пилот

Оваа професија е на самиот врв уште од првите искачувања во небесните височини. Било да се работи за класичен или пак воен пилот, фантазиите за моќен пилот во елегантна униформа кој сам го совладува леталото, немаат крај.

Би можело да ве интересира:

Една работа која ми го спаси бракот, откако добивме деца со сопругот Со партнерот имавме луда романса. Постојано мислевме еден на друг, се состанував...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Повозрасни жени откриваат: „Да бирав одново партнер, која карактеристика ќе сакав да ја има?“ „Клучно би ми било да знае да готви и чисти, а не да се однесува како дете за ко...
5 вистински приказни за љубовта кои не можат да ги измислат ни филмските сценаристи „Имам пријателка со луда фантазија. Ѝ се допаѓа еден тип што работи во истата зг...
„Не, ова не е љубов - туку немоќта на еден беден маж, кој со ќотек наплаќа за тоа што бил оставен од... „Да, и ова е љубов... Кога раскинувањето се плаќа со хематоми и трауми. Кога мис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg